|
Кој бил „таткото“ на исламот Мухамед? |
|
|
|
Абу'л-Касим Мухамед ибн Абдулах, основачот на исламот, е роден на 20.04.570-та година, а умрел на 08.06.632-ра година во Медина. Му припаѓал на родо„т Хашим, од племето Курејш.
За неговиот живот се знае малку. Останал рано без родители. Во раната младост патувал со стриковците поради трговија, а веројатно на тие патувања, особено низ Сирија и Месопотамија, се запознал со христијанството и еврејството, што влијаело на неговото подоцнежно учење. Преданието говори дека во својата 40-та година Мухамед почнува да проповеда нова монотеистичка религија, чиј главен извор е небеската книга Куран, испратена од Алах преку ангелот Џибрил.
|
|
Повеќе...
|
|
Перун |
|
|
|
Тој е најмоќниот словенски бог- Громовник, господар на молњата на небото и огнот на земјата. Се смета за непобедлив воин, а му припаѓале ѕвездите, Сонцето и Месечината.
Името Перун настанало од индоевропскиот корен „пер“ односно „перк“, кој значи „да се удри“ (да се удира мошне силно), „да се распрсне“, и суфиксот „ун“ кој го означува оној што го извршува дјествието.
|
|
Повеќе...
|
|
Орфеј и Евридика |
|
|
|
Орфеј е митски грчки пејач, син на Еагро (или Аполон) и на Калиопа, муза на епската поезија (најстарата и најумна од Музите). Понекогаш наместо Еагро како татко на Орфеј се смета Аполон, а за негова мајка се наведува Селена (грчки Луна), божицата на Месечината. Се смета дека таквата комбинација на родители (мајка- божица на Месечината и татко-бог на Сонцето) може да ја објасни Орфеевата божествена природа.
|
|
Повеќе...
|
|
Свети отци за воскресението |
|
|
|
Св. Григориј Богослов или Назијанзин:
Живеел од 329/30 до 390- тата година од н.е.; роден во Аријанза, во Кападокија, во христијанско семејство. Ги изучувал посебно реториката, филологијата и филозофијата, а тоа го сфатил како „помош“ на христијанското учење. Во 362-ра година е ракоположен за свештеник, а во 372-ра за епископ.
Теологијата на Григориј ја знаеме од неговите сочувани 45 беседи, 408 песни (околу 18.000 стихови) и 349 писма. Се смета за „најлитературен од сите Отци на Црквата“.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Страница 7 од 13 |