|
Демон, демонизам, демонологија, демономанија |
|
|
|
Во разни религии на примитивни култури демонот е божество поврзано со одделни објекти и појави, всушност персонификација на добри и лоши влијанија кои живата и неживата околина ги врши врз човекот.
Така, постојат демони на Сонцето, Месечината, ридови, вулкани, реки, шуми, демони на облаци, дожд, ветер, на оган.
|
|
Повеќе...
|
|
Исихазам |
|
|
|
Значи внатрешен спокој, тихување.
Се работи за начин на аскетски подвиг и молитвен, мистичен живот во православната црква на Исток, кој во 13-от и 14-от век доживеа значаен процут пројавен како широко монашко- црковно движење во Света Гора, во Византија, на Балканот и потоа во Романија и Русија.
|
|
Повеќе...
|
|
Настанокот на западната мистериска традиција |
|
|
|
Херметичната традиција своите корени ги влече од стариот Египет. Тајното предание говори како Египтјаните биле наследници на човечката цивилизација на Атлантида, која го завршила својот развоен циклус и ја предала светлината на знаењето натаму.
На самиот почеток на египетската цивилизација првиот на историчарите познат голем религиски циклус бил оној во Мемфис. Тука наследниците на големата Атлантида имале задача да го подигнат и изградат Египет како на земските, така и на суптилните рамништа на постоењето. Во тоа време настанувале најчудесните градби во Египет оти Мемфис бил култ на богот Птах, големиот градител, грнчар и творец. Тоа биле големите архитекти на сите египетски храмови, на општественото и социјалното уредување и основачите на школите на мистериите од кои тогаш настанале другите.
|
|
Повеќе...
|
|
За Амишите |
|
|
|
Се смета дека се родени од анабаптистичко движење во Швајцарија во 1525- та година (строг менонитски огранок). Анабаптистите доаѓаат во судир со римокатоличкото и протестантското крило во рамките на христијанството по прашањето за правилно толкување и покорување на Новиот завет. Тие сметале дека крштевањето за секој христијанин е двоен чин, еднаш кога се раѓа и втор пат кога ќе порасне, значи според принципот на слободен избор. Следствено, анабаптизмот во превод би значел „двапати крстен".
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 10 |