| Кренав дувар околу тебе |
|
|
|
Постојаното богатење на својот народен говор (ко што ти збори народецот) најлесно и најбрзо оди со секојдневно читање на народни умотворби, особено на приказни и народни песни (песните можеш и да ги пееш ако знаеш како им оди пејанието). А прави ко што правам јас одвреме- навреме: си стокмувам некоја порака до некои, до едикојси, и многу ми олеснува на душа и на срце. Во приказните и песните можеш да ги сретнеш, меѓу многуте други, и следниве зборови: -баеги- доста; Општонародна порака: Кренав дувар околу тебе оти светрум и со стреш ми се покажа пред очи ептен кабаетлија за ова на што сум и со што сум. Баеги ме умори, дури покосници ме навалија илје и милје, подумав оти навиле ќе бидат и повеќе од еден, ама акибет ми дојде на ред. Чабук ќе ми се кажат и покажат и друзите за дувари. |







За да биде













