НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home VOX POPULI Народен зборовник Македонски народен говор
Македонски народен говор Печати Е-пошта

Наивно сликарствоСо прав  збор на право место. За да не те изместат оние што не знаат кога и колку треба да зборуваат. Да не можат ниту да те пренесат на другион брег од рекана што тече незапирно од почеток до крај за едни, а од крај до почеток за други. Исто како животот насушен, како ридание во молчание и замолчание.

Да не немаш да вратиш со збор што твори, што по себе остава дело. 


Помалку познати зборови од македонскиот народен говор:

 сетне- после, потоа: сетне останала сама; најсетне- најпосле;

расчини, расчинува- растопи, раствори: расчини го квасецот; ретко се користи и за лишување од чин, а во народната поезија за разгорување, распалување на огин: расчинија силни огнови;

подигравка, подигрува- шегачење, подбив; подигрува- се игра по малку или одвреме-навреме; може да се подигра и коњ;

икрам- почит: му правам икрам-му укажувам почит;

назлан- мил, драг: назлан Димитрие!- драги Димитрие!;

пламноса- изгоре: пламенот да те пламноса! (клетва); дрвото пламноса- дрвото се запали;

сечник- трупец за сечење на дрва;

сајдиса, сајдисува- уважи, прими на знаење, одобри;

страк, страци- стеблинка, фиданче (фиданка); страк тутун, страк босилек;

пенушка- трупец; шуплива пенушка- шуплив трупец.

 

Општонародна порака:

Сетне да не те расчинат силни огнови, та да пламносаш од подигравките со народецот што уште ти прави икрам и те сајдисува, дури и назлан си му. Варди се оти ко да си му дошол на глава. Ќе те стави на сечник ко страк, може и на шуплива пенушка, па саде со еден замав на замолк ќе ти ја секне денешницава.

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top