| За да не се однародиме |
|
|
|
А оние народи во светот кои држат до себе, до својот континуитет кој го коренуваат се подлабоко, токму тој-народниот говор го бранат со се што им на располагање, најмногу со севкупното творештво. Едновремено бранејќи го националното достоинство од оние кои го немаат и не ја знаат неговата вредност.
Зборовник:
баттериса- упропасти;
чална- удри;
колај- лесно;
инќар- непризнавање, откажување;
акибет- сепак, најсетне;
јарадисува- создава, твори;
шуќур- (израз за благодарност) фала, фала богу!;
нагрвали- се насобра; навали, нападна;
ѓурултија- врева; викотница;
ашиќаре- јавно, отворено.
„Општонародна“ порака:
Наместо ѓурултија, чални по оној што мислиш оти колај баттериса се. Акибет, да не ти дојди нагрвален да мораш ашиќаре да му речиш шуќур на оној што јарадисува, а саде инќар истураш од уста оти си ем слеп, ем глув.
|

















