НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home VOX POPULI Народен зборовник
Народен зборовник
Македонски народен говор Печати Е-пошта

Наивно сликарствоСо прав  збор на право место. За да не те изместат оние што не знаат кога и колку треба да зборуваат. Да не можат ниту да те пренесат на другион брег од рекана што тече незапирно од почеток до крај за едни, а од крај до почеток за други. Исто како животот насушен, како ридание во молчание и замолчание.

Да не немаш да вратиш со збор што твори, што по себе остава дело. 

Повеќе...
 
За да не се однародиме Печати Е-пошта

 

ГрафикаЗборовите во македонското народно творештво-народните се поретко ги користиме во секојдневната комуникација. Што ќе рече дека во говорот се повеќе се однародуваме.
 
А оние народи во светот кои држат до себе, до својот континуитет кој го коренуваат се подлабоко, токму тој-народниот говор го бранат со се што им на располагање, најмногу со севкупното творештво. Едновремено бранејќи го националното достоинство од оние кои го немаат и не ја знаат неговата вредност.
Повеќе...
 
Турцизми во македонскиот народен говор Печати Е-пошта

 

Турски фесАрхаизмите се богатство на секој јазик. Тие не се никакво зло од кое треба што побрзо да се ослободиме, туку со нив треба да се служиме секогаш кога имаат незаменлива стилска улога и вредност. Тие го богатат, а не го осиромашуваат јазикот и не се, како што некои „јазички модернисти“ тврдат, ретроградна појава. Напротив, како дел од компексноста на националниот идентитет, токму со нив јазикот го брани сопствениот континуитет и контиунитетот на корените, традицијата, културата, уметничките, воопшто творечките вредности и достоинства на народот што го зборува.
Повеќе...
 
Од македонскиот народен говор Печати Е-пошта

КнигаЗа да бидеш што понароден (случај или елемент сеедно, а најдобро човек), мора да употребуваш што е можно повеќе народни зборови и изрази. Може и од други, ама пред се од сопствениот народ. Нема врска дали од целиот или од дел од него (мислам на дијалектите). Ако се од други, избирај ги оние поблиските по значење и звук, општоприфатените, интернационализираните.

Постојаното богатење на својот народен говор (ко што ти збори народецот) најлесно и најбрзо оди со секојдневно читање на народни умотворби, особено на приказни и народни песни (песните можеш и да ги пееш ако знаеш како им оди пејанието).

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

Страница 3 од 3
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top