Зборови од македонскиот народен говор кои би можеле да ги користиме кога сме со ниет да му се обрнеме на нашиов народец наш насушен за да го убедиме дека не сме од тие што ги знае- исавлиите. Како му глаголат за прокопсаноста и арнисаноста..
Помалку познати зборови од народниот говор кои би било добро поначесто да ги користиме. Особено во секојдневните муабети со оние што се со нас или пред нас. За да сме си наши:
За да бидеш што понароден (случај или елемент сеедно, а најдобро човек), мора да употребуваш што е можно повеќе народни зборови и изрази. Може и од други, ама пред се од сопствениот народ. Нема врска дали од целиот или од дел од него (мислам на дијалектите). Ако се од други, избирај ги оние поблиските по значење и звук, општоприфатените, интернационализираните.
Избираме помалку познати зборови од македонскиот народен говор, најмногу турцизми, некои од нив можеби првпат прочитани-слушнати од вас. За потоа да си порачаме нешто „општонародно“. За паметење од денес за утре: