| За знаењето |
|
|
|
Моќта на знаењето е секогаш мерлива и споредлива. Човек никогаш не знае колку што треба и може да знае.
Македонски народни пословици: -Чоек се учи со збор, а мечка со стап; Пословици од народите на светот: -И за ракување со чудотворен меч е потребно умеење. (Корејска)
-Знаењето е благо кое својот сопственик го следи насекаде. (Кинеска) -Умот е облека која никогаш не се износува, знаењето е рудник кој никогаш не се исцрпува (Киргиска и Татарска) -Знаењето е венец на глава, а богатството јарем на вратот. (Персиска) -Знаењето е половина ум. (Туркменска) -Разликата помеѓу знаењето и богатството е во тоа што знаењето не чува, а богатството ние мораме да го чуваме; знаењето со употребата расте, а богатството се намалува. (Арапска) -Знаењето е почеток на сомневањето. (Корејска) -Не е важно колку знаеме, туку како знаеме. (Француска) -Знаењето е повредно од пари, поостро од сабја, помоќно од пушка. (Грузиска) -Нема луѓе кои се знаат и нема луѓе кои ништо не знаат. (Индиска)
-Едни кажуваат што знаат, други знаат што кажуваат. (Романска)-Кога славејот пее, врабецот не се слуша. (Хрватска) -Човек со јаки раце соборува еден, а човек со големо знаење соборува илјада. (Казашка) -Блазе си му на оној кој знае дека не знае, а сака да знае. (Српска) -Знаењето кое секој ден не се пополнува, со секој ден се губи. (Кинеска) -Сите сакаат да знаат, но малкумина сакаат да му се посветат на учењето. (Латинска изрека) -Многу знае оној што знае дека не знае. (Германска) -Знаењето без примена како облак без дожд. (Таџиска) -Помеѓу толку мазги може да се нареди и некое магаре. (Италијанска) -Кој многу знае, мора многу и да трпи. (Германска) -Научи на својот јазик да кажеш: јас не знам. (Јапонска) -Колку човек знае, толку и може. (Латинска) -Знаењето е како стеблото на баобабот; еден човек не може да го опфати. (Африканска) -Кој многу знае, од него многу и се бара. (Германска) -За неукиот, староста е зима; за учениот, тоа е доба на жетва. (Еврејска) -Не е срамота да не се знае, туку да не се сака да се учи. (Германска) -Поголемо знаење е она со чија помош човек ја сознава непроменливата стварност. (Упанишади, староиндиски филозофски расправи); -Треба многу да се знае за да се знае колку малку знаеме. (Германска) -Од сите добра на светот знаењето е најдобро; тоа не може ни да се земе, ни да се даде, ни да се купи, ни да се продаде; тоа останува секогаш твое кога еднаш ќе го стекнеш. (Хитопадеша, 10-14 век, индиска збирка на приказни од поучен карактер). |







Цел живот се учи за животот да се научи; колку од него вреди за паметење, а колку да им се препушти на заборавот и минливоста.













