| За маните |
|
|
|
Лесно ќе излезеш на крај со своите мани ако навреме ги откриеш и ако не дозволиш без нив да те знаат други. Најголема мана имаш кога мислиш дека си човек без мани. Така ти мислиш, ама таков други не те мислат. Може да ти се смеат, може да ти се потсмеваат, со тебе да прават лакрдии.
Поарно навреме кажи си ги маните за да не почнат да ти ги прекажуваат.
Македонски пословици
-Кој има многу мани, лесно ги наоѓа кај други;
-Секое гравче си има црниче;
-Колку е сонцето посјајно, толку се сенките потемни;
-Добриот коњ има сто мани, а лошиот само една;
-Само со туѓи очи можат да се видат сопствените мани;
-Има дамки што лесно ќе избледнеат, ама не можат да се исперат;
-Лошо е да ги одрекнуваш маните, но е уште полошо со нив да се фалиш;
-И најубавата пченица си има свој плевел;
-И на бисерот има гребнатинки;
-Кажи си ги маните за да му ја затвориш устата на противникот.
Пословици од народите на светот
-Маните се како мирисите: помалку ги чувствува оној што ги носи, отколку оние околу него (Италијанска-Венецијанска);
-Во првата половина од ноќта мисли на своите мани, а во втората половина мисли на туѓите (Кинеска);
-Кој не ги познава своите мани, нека ги праша соседите (Полска);
-Никој нека не покажува со валкан прст на туѓи мани (Португалска);
-Оние што бараат само мани, ништо друго и не наоѓаат (Англиска);
-На невестата на соседот не е тешко да и се најдат мани (Корејска);
-Кога костумот ќе се сошие, се гледаат грешките (Холандска);
-Ниедна крава не е толку бела да нема некоја дамка (Германска);
-Колку сонцето повеќе зајдува, сенките стануваат подолги (Германска);
-Ако имаш мани поправи се, ако ги немаш чувај се (Кинеска).
|







Лесно ќе излезеш на крај со своите мани ако навреме ги откриеш и ако не дозволиш без нив да те знаат други.













