НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home VOX POPULI Мудроста на народот
Мудроста на народот
За јадењето- манџата- храната Печати Е-пошта

Narodna kujnaПрво за јадење да имаме, а за друго после ќе видиме. Кога немаш за јадење себе си се немаш, а и други те немаат на ум. За последен ќе те земат, во своите редови ќе те примат колку да не умреш од глад. Засега уште се трпи некако ова што се прави и ни се направи.

Колку за јадење барем уште малку имаме.
А власта си ја знае работата. Не треба да и се мешаме, туку само да ја слушаме. Таа вели дека треба да издржиме, а после се ќе биде полесно.

За оние што ќе издржат. Ако по издржувањето има уште такви- издржливи.

Повеќе...
 
За здодевноста Печати Е-пошта

ZdodevnostНа оној што навикнал залудно да си го троши времето, секоја работа брзо му станува здодевна. Потонал во сопственото безделничење и се повеќе им станува здодевен на оние што не можат без промени, без менување на ритамот на живеачката.

Ништо добро кога се станува очајно здодевно. Очајот од здодевноста е болест што се боледува до умирачка.

Тешко на оние на кои животот им здодеал.

Лесно со здодевните. Само да не им дозволиш да ти се качат на глава. Навреме тргни ги од себе, кажи им и покажи им навреме колку колку се здодевни и дека како такви не се за ништо. Навреме кажи им дека нема да бидат она што се надеваат и оти со својата здодевност ништо не можат да постигнат.

Повеќе...
 
За пријателот Печати Е-пошта

PrijatelБез се се може, без пријател не се може. Во светот не се живее без пријател. И во арно и во лошо ќе ти се најде. Ама и ти да му се најдеш. Не мoже да ти биде пријател оној кому ти не сакаш да му бидеш. 

Имаш многу пријатели? Е, за разлика од тебе, кој нема ниеден, јас си имам малку како еден.

Повеќе...
 
За милостињата Печати Е-пошта

MilostinjaТој што растура не мисли да помага, туку ако нему му азгусти може само милостиња да дава. Тој што растура може само да позајмува за растурените да бидат под него, оти треба да има што помалку над него. А тој што чека милостиња, нему и личното достоионство му бега, го напушта, отстапува пред сожалувањето и понижувањето.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>

Страница 5 од 6
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top