НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home VOX POPULI Мудроста на народот
Мудроста на народот
За младоста Печати Е-пошта

УметностЗошто младоста се избира како поарна од староста? Поради времето што се начекува, пречекува, навјасува, превјасува, или поради силата и енергијата што се трошат како никогаш да нема да се дотрошат?

По нешто од двете, а најнешто од трето: убавината и леснината на животот. Наспроти грдотијата, грубоста, суровоста и тежината на старите години.

Повеќе...
 
За животот Печати Е-пошта

Апстрактна уметностВредноста на животот е во загработ на секој негов миг. За да не те одмине или залудно да ти мине.

Да знаеш да живееш, значи дека си научил колку е тој минлив, дека ништо друго не останува по него освен малку време со дело, некој чекор што совладал празен простор, и малку спомен дека си бил.

Не трчај по животот и не се обидувај да го продолжуваш повеќе отколку што ти е пишано. Затоа што ќе се случи тој предвреме да те претрча, па да стави точка на се.

Биди задоволен од себе си додека си жив.

Повеќе...
 
За душата Печати Е-пошта

ДушаДуша ме боли од оваа пустелија и суша околу мене. Расте, се шири, се растура, а немам сили ниту камен со капка вода да го полеам. Што се бездушни им прават на луѓе, на народи, на цел свет.

Рани душа да те слуша? Малку слуша оти има многу ненаранети. Ама секој  што има душа е човек. Никогаш мал, секогаш голем. Некогаш поголем од другите.

Повеќе...
 
За знаењето Печати Е-пошта

Апстрактно сликарствоЦел живот се учи за животот да се научи; колку од него вреди за паметење, а колку да им се препушти на заборавот и минливоста.

Кој не знае, треба да дознае. Кој знае, други треба да му го дознаат знаењето.

Моќта на знаењето е секогаш мерлива и споредлива.  Човек никогаш не знае колку што треба и може да знае. 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>

Страница 1 од 6
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top