|
Успешно медија планирање |
|
|
|
Вообичаено, успешното медија планирање се реализира врз основа на анализа на пазарот на медиуми, но и анализа на пазарот на конкуренцијата. Правило е пред секое медија планирање медија планерот да ја има „под контрола“ ситуацијата на барем минатата и моментната медиумска активност на својата конкуренција.
Од друга страна, ситуацијата на пазарот на медиуми постојано се менува, се менуваат показателите на слушаност, читаност, гледаност, така што медија планирањето секогаш треба да се сфаќа во контекст на динамичноста на пазарот на медиуми, динамиката на дејствувањето на конкуренцијата, но и на менувањето на навиките на потрошувачите.
При утврдувањето на медија планот е потребно да се земат предвид неколку битни факти. Основно правило кај утврдувањето на буџетот е дека растот на пазарниот удел на фирмата резултира и со потребата од поголемо вложување во огласувањето. Исто така, ако фирмата планира relaunch (подобрување) на постојните производи, тогаш мора да планира и повисок износ на буџетот.
Повод за засилено вложување во огласувањето може да биде и излегувањето на сосема нова линија на пазарот, јакнењето на конкуренцијата, ширењето на асортиманот и сл.
|
|
Повеќе...
|
|
Зa заработката преку Интернет |
|
|
|
Интересни сознанија, размисли, ставови и искуства за значењето на присуството на Интернет, како и можностите што тој ги нуди во маркетингот и бизнисот, на светски познатата американска консултантка Д-р Clarisse Behar Molad.
Нејзина специјалност се проекти на интеграција на претпријатието во разновидната и променлива глобална околина.
|
|
Повеќе...
|
|
Најчестите грешки во маркетиншката стратегија |
|
|
|
Се смета дека секое претпријатие, од кој било тип, од која било бизнис сфера, има две основни функции: маркетинг и иновација. Притоа, иновацијата не е само техничка и технолошка, туку се дефинира како оригинално решение во производството или во создавањето на нови производи, на нови начини на задоволување на потрошувачите, односно во дистрибуцијата и другите активности.
Што се однесува на маркетинг мискот, повеќето од четирите оддели (производ или услуга, цена, дистрибуција и промоција) денес не учествуваат подеднакво во маркетинг стратегијата. Таа најмногу се концентрира на огласувањето, како составен дел на промоцијата.
|
|
Повеќе...
|
|
За ефектите на Интернет промоцијата |
|
|
|
Најнапред уште еднаш, како многупати досега во прилози со ваква тематика, да го констатираме „општо познатото“: за фирмите и нивните „водачи“- бизнисмените искористувањето на можностите на микс маркетингот на Интернет просторот (македонскиот) е, за жал, се уште нешто непознато, туѓо, непроверено, сомнително, односно тотално одбивно. Со други зборови, состојбата на тој план е катастрофална, дури засега и безнадежна.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 5 |