| Имиџ и „пи-ар“ |
|
|
|
Како за многу други нешта, и за нив има основни незнаења, импровизации, манипулации и шпекулации, па и „скандали“ (во наводници оти во суштина се наводни). Затоа не ќе е на одмет да посочам на нивното основно значење.
Најнапред за имиџот: Во суштина, тој е најмалку „слика“ за нешто или некого, иако најчесто се толкува токму така. Тој е наметната севкупна претстава за нешто или некого! Токму така- наметната (и се разбира, прифатена) севкупна претстава. Следствено, тој не е „блиц-слика“ со „класичен“ или дигитален фотоапарат односно камера (филмска, телевизиска, компјутерска), а најмалку за еднократна употреба. Имено, претставата се „наметнува“ долго, континуирано, значи како процес кој е придружен со многу други, од кои основниот е самото дејание, дејствие, работа, секојдневен ангажман, дело, творештво. Најблиски до имиџот се авторитетноста и довербата. Претходното не е ништо ново (од мене), туку познати „општи места“ за имиџот кои, ќе повторам, очигледно не им се познати на многумина, а особено на оние на кои тој би морал да им биде еден од најважните. И уште еднаш: каква врска има сето наведено со секојдневниот новинарски ангажман (кој се чини дека е најважен)? Ако некој мисли дека со пристрасно новинарство се придонесува на тој план, се прави имиџ, прави основна- суштинска грешка: тоа новинарство го изедначува со непочитување, тотална деградација на новинарската професија. Што се однесува на „пи-ар“-от односно „односот (односите) со јавноста“, претходното за имиџот во голем дел се однесува и на него. Со таа разлика што „односот“ се гради со сопствено дејание, дејствување, а пред се и над се со сопствени дела и однесување кое, меѓу другото, подразбира искреност, отвореност, вистина. Од целиот „корпус“ на елементи на „пи-ар“-от ќе посочам на еден од основните: политичката култура. На политички некултурните во односот (односите) со јавноста не можат да им помогнат ниту специјализирани агенции за тоа. А најизразна форма на политичка некултура е ароганцијата. Само потсетив на некои основни нешта во врска со имиџот и „пи-ар“-от за да биде појасно од каде, зошто, како е можен катастрофално нискиот рејтинг особено на „големите“ политички партии. Патем, во овој контекст: според што се „големи“? Би било добро нивните лидери (или лидерчиња) да излезат пред народот (јавноста) и да изнесат аргументи и факти за тоа. Вои името на нивниот имиџ и „пи-ар“-от. |







Во нашиве „модерни“, „проевропско-пронатовски“ времиња мошне актуелни се две важни „категории“ на и за сечие дејствување и успешно работење: имиџот и „пи-ар“-от односно „односи со јавноста“. Мислам пред се на имиџот и „пи-ар“-от на политичките партии, а во рамките на интензивниот, особено предизборниот политички маркетинг.













