| Ве почитуваат ли вашите колеги и работодавачот |
|
|
|
Верувам дека ви е важно не само својата добра плата да ја добивате редовно, туку и да имате добар однос со соработниците и работодавачот. И работата да ве исполнува. Многумина луѓе имаат среќа на овие мои зборови да кимаат со главата со одобрување, препознавајќи ја во нив својата ситуација. Меѓутоа, што е со другите, со оние кои секој ден помислуваат да посакаат подобри услови, подобри соработници, поквалитетни услови за работа, покоректен работодавач? Накусо- подобра ситуација на работата. Во анкета што помеѓу вработените неодамна ја спроведе порталот MojPosao (МојатаРабота), истражувајќи од што вработените имаат најголема фобија на работата, најмногу испитаници (дури 44,4%) изјавиле дека најмногу се плашат од спротивставувањето на надредените и соработниците. Многумина мислат дека поради него би можеле да ја изгубат работата. Дали баш секогаш е проблем во се и во сите освен во нас самите? Пет чекори до углед на работа Дали истовремено сте се прашале што е тоа што ги разликува оние кои се задоволни од работата и имаат добри односи со луѓето во фирмата од оние кои тоа го немаат? Кои се вработените што немаат потреба ниту причина за судири, спротивставувања и непријатни ситуации на работата? Тоа се оние што на своите работодавачи им се поважни од злато, а на соработниците вистински избор. Тоа се оние што уживаат углед. Работодавачот најмногу ги цени вработените кои успеваат со своето знаење, вештините, креативноста, одговорноста и работните навики да создадат идеален однос помеѓу своите обврски и обврските на луѓето што ги опкружуваат. Значи, не само да осигурувате добро вршење на својата работа, туку и работата на своите колеги и соработници. Од грешките се учи и не мора да се "изгуби главата" Вашите претпоставени ќе бидат секогаш подготвени да ви ја препуштат задачата ако имаат доверба во вас, па дури ако понекогаш и сте направиле некој пропуст. Од грешките се учи, а поради нив не треба да се "губи главата". Вредниот член на тимот придонесува за личниот напредок, но и за вкупниот напредок на тимот, а со тоа и на фирмата. Ваша обврска е да имате разбирање и за останатите членови на тимот. Често во тимовите кои соработуваат со години го губат оној однос на срдечност толку потребен во меѓусебните интеракции. Колкупати им велите на своите колеги "ти благодарам" или "те молам", а колкупати, во се побрзиот ритам што работните зџадачи ни го поставуваат, давате сувопарни налози или коментари. Не е се во тоа да работите од 9 до 17 Многумина вработени се подготвени да го одработат својот рабоден ден, притоа работејќи го само она што се бара од нив. Ни повеќе, ни помалку од тоа. Меѓутоа, тоа за задоволството од работата и угледот помеѓу колегите не е доволно. Дали, ако така дејствувате, ќе бидете неизоставен член на тимот за својот шеф или работодавач? Или уште подобро прашање: кога би биле работодавач, дали на некој што ја одработува работата од 9 до 17 со радост би му исплатувале плата? Ако сте еден од таквите, сами сте причина за своето незадоволство и чувство на неисполнетост, оти само луѓето подготвени да дадат се од себе заслужуваат и да добијат колку што вредат. Ако придонесувате за вредноста на својата компанија, придонесувате и за сопствената вредност, угледот и почитувањето на работното место. Во обратен случај, ако вашата вредност не ја препознаваат и не ја ценат, најдете веднаш друга фирма (работодавач). Не секогаш и секаде работите за други токму како да работите за себе.
|







Имате работно место и пристојна платна. Со колегите на работа сте одличен тим. Прекрасно соработувате, па кога има работа "преку глава" си помагате еден на друг. Главно сте задоволни. Целосно. Да се има добра работа и добра плата е важна работа во животот (прашајте кого било од 300.000 невработени).










