|
За Dow теоријата |
|
|
|
Некои можеби првпат читаат- се среќаваат со неа, а постои стотина години. Во денешново високо компјутеризирано време нејзините основи и натаму важат. Таа е развиена од Чарлс Дов (Charles Dow), доработена од Вилјем Хамилтон (William Hamilton) и дефинирана од Роберт Ре (Robert Rhea). Се занимава не само со техничката анализа на движењето на цените на акциите, туку исто така и со филозофијата на берзата. Треба да се наспомне дека многу идеи и коментари од Дов и Хамилтон станале аксиоми на Wall street.
|
|
Повеќе...
|
|
За cottage industry - „електронска куќа" |
|
|
|
Во развиениот свет се повеќе се шири „електронската куќа" како работно место. Не толку поради економската криза (губење на работни места), туку како последица на технолошкиот развој, конкретно на „дигитализацијата на секојдневјето", на се посовршените средства за комуникација.
Последиците од технолошката револуција и експанзијата на масовните комуникации со право се споредува со воведувањето на индустриското производство. Имено, тие коренито ги сменија структурата, ритамот, содржините на работното и слободното време, а ја овозможија и појавата на низа нови форми на работа, пред се на „работа дома", посебно кога станува збор за интелектуални и административни занимања, во помала мера услужните и производствените.
|
|
Повеќе...
|
|
Незамисливо за нас: „имунитет“ за огласите на Интернет! |
|
|
|
Огласите кои излегуваат на речиси секоја web страница на која ќе кликнете (во развиениот свет, не кај нас) станаа нормален дел од кликнувањето на Интернет. По релативно неодамнешниот пораст на популарноста на страниците за дружење на Интеrнет, огласувачите задоволни ги триеја рацете верувајќи дека пронашле нов извор на заработувачка. Но, како што сега стојат работите, овој вид на заработка на огласи можеби баш и нема така светла перспектива.
|
|
Повеќе...
|
|
Привилегиите на малите претпријатија |
|
|
|
Си го поставувате ли поначесто прашањето: зошто работејќи не заработувате повеќе пари, па и нешто повеќе од пари? Се разбира, се мисли пред се на задоволствотво во и од работата. А што ако работите на погрешно место? Можете тоа сами да го откриете?
Ќе се разочарате: тешко, доколку не пробате, доколку не ризикувате. А во нашава земја да ризикувате со тоа што, на пример, самоволно ќе го напуштите одвај дочеканото, пронајденото прво вработување, за да проверите да не ви е погрешно...
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 6 |