 |
|
 |
|
Корени, сенки и одеци
|
За рогот |
|
|
|
Рогот е природно оружје на многу животни. Тој станал, особено според тотемизмот, симбол на сила и изобилство, па се наоѓа на ликовни прикази на митолошки суштества и божества на Ориентот (Амон во Египет) и Грција (Ахелој), но и како инсигнии на кралеви и војсководци (инсигнии-знаци, знаменија, посебни знаци на некое звање или достоинство, почесни знаци, одликувања).
Од другите мотиви (како ознака на животинска наклонетост), роговите се среќаваат на слики и скулптури на ѓаволи.
|
|
Повеќе...
|
|
Херакле и Марко Крале |
|
|
|
 Совпаѓањето на митски ликови во различни митологии (на пример во грчката и римската) не е ништо необично. Помеѓу многу од нив е ставен знак на равенство кога се работи за јунаштвото, херојството, силата, моќта, нивната многувековна мобилизирачка улога кај народите, а особено во време на егзистенцијална загроза.
Не се ретки ниту примерите на поистоветување на митолошки и реални ликови (од поблиско минато) кои станале легендарни или попримиле митски димензии. Тоа само го потврдува сознанието за меѓузависноста, проткајувањето, заедничкото живеење во одредени простор и време, единството на човековата цивилизација. Колку подалеку во минатото, толку помало или никакво право на свое, присвојување- крадење на туѓо, непризнавање на заедничко.
За какво совпаѓање или поистоветување може да стане збор помеѓу најголемиот јунак во грчката митологија Херакле и македонскиот јунак од средниот век Марко Крале? Некои тврдат дека таа е фрапантна, а разликата помеѓу нив е само „од временски карактер".
|
|
Повеќе...
|
|
Не суди за книгата според кориците |
|
|
|
Добрата реклама продава се, па и уметност. Тоа се знае одамна. Но што се случува кога се бара од самите консументи да направат реклама за актуелна изложба, албум на популарен музичар или обвивка на класик на светската книжевност? Дали и на кој начин, сега од позиција на учесник во промоција, а во исто време и потрошувач, се менува нашиот однос спрема делото односно производот?
Просторот без реклама стана една од категориите во изумирање во современото потрошувачко општество. На рекламните агенции ништо не им е недостапно, а не постојат ограничувања ниту кога се работи за целните групи. Сите можат да станат мета- децата и возрасните, жените и мажите, и тоа подеднакво низ сите краишта на светот.
|
|
Повеќе...
|
|
Македонскиот народен вез |
|
|
|
Постојат неколку етнографски карактеристики кои македонскиот вез го изделуваат од другите на балканските простори и пошироко.
Најнапред, тоа се густо извезените површини во соодветни бои, и тоа не само орнаментите, туку и самиот фон. Тој, пак, најчесто го претставуваат неизвезените делови со контури на орнаменти, но, иако ретко, и самото бело платно.
Сите везови се работени со броење вдолж жиците од платното и најчесто од опачната страна.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 4 |
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
Почни го денот со ПАНОПТИКУМ |
 |
|
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
 |
 |
|
 |