| Не само настани во минатото |
|
|
|
Следниве информации се од 2006-та година: -за жените што ги имал Јосип Броз Тито;
Дали се знае точно колку жени имал Тито Како што објави белградскиот весник „Блиц“, пошироката јавност знае за Јованка, но малку кој знае дека и Херта е жива, живее во Белград. Заедничко на двете дами е што ниту едната, ниту другата не сакаат да зброуваат за јавноста. Написот во „Блиц“ е со наслов „Уште една Брозова жена во Белград“. Оние што имале можност да разговараат со Херта Хас тврдат дека таа има брилјантна меморија, се сеќава на се, и натаму добро гледа, резонира и анализира. Единствено се движи отежнато. „Блиц“ наведува дека 91-годишната Херта Хас го отворила своето срце за потребите на филмот на Лордан Зафрановиќ. Опишала како изгледала нејзината 6-годишна романса со Тито, и зошто секогаш за најубави моменти во својот живот ги сметала оние што ги минала во Париз со него. Како што било најавено, филмот требало да биде готов на крајот од ноември, но очигледно нешто се искомплицирало. Весникот информира дека Зафрановиќ открил некои детали за врската на Тито и Херта. На режисерот Херта за себе и за Тито му зборувала 14 часа, 2 пати по 7 часа во 2 дена. Виталната старица, која денес живее во Белград со ќерките, вели дека на Тито ништо не му забележува и смета дека ги разделила војната. „Блиц“ наведува и дека вториот сопруг на Херта умрел, како и тоа оти во тој брак има 2 ќерки, Сека и Муцика. Со Тито го има синот Миша кој денес е хрватски дипломат во Индонезија. За Херта Хас долго не се знаело ништо. Работела како стручњак во Сојузниот извршен совет и доста патувала, објави „Блиц“; „(Не)доверливи“ документи на ФБИ за Ленон Што објави ФБИ? Ништо непознато. На пример, фактот дека Ленон бил мировен активист и се залагал за сиромашните во Велика Британија и во светот. Или дека Ленон и Јоко Оно потпишале петиција за поддршка на Камбоџа кога во текот на виетнамската војна САД ја бомбардираа таа земја. Интересно е дека ФБИ одбивал да ги објави тие документи тврдејќи дека некои од нив содржат „информации за националната безбедност, што ги доставила една странска влада под услов да останат доверливи„. Спомнатиот Винер коментира дека денес може да се види оти аргументот за националната безбедност бил апсурден од самиот почеток. Како што е познато, Џон Ленон, член на легендарната група „Битлси“, на 8-ми декември 1980-та година на влезот од неговата куќа го уби непресметлив обожувач; Првата гитара на Макартни продадена за 614 илјади долари -Станува збор за важен дел од рок историјата, истакнал среќниот купувач, извесен Крег Џексон. Митската гитара на продажба ја ставил Ијан Џејмс, близок пријател на Макартни. Главен јунак на лицитацијата бил Џон Ленон чии предмети се разграбани по двојно повисока цена од реликвиите на останатите Битлси. Еден купувач дал 30.000 фунти за познатите ленонки, очила кои му припаѓале на Ленон. |







Постојат настани во сите сфери на животот кои го продолжуваат своето време, не се временски ограничени односно нема никакво значење датумот на нивното случување. Тоа еднакво се однесува и на значајни, познати личности од светот на познатите, и на оние од „високите кругови“, од „недопирливите“- во политиката, бизнисот, џет сетот.










