НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home MODUS VIVENDI Градинар
Градинар
Конзервационо земјоделство Печати Е-пошта

Конзервирана хранаЗемјоделието повеќе од другите стопански активности е загрозено од негативните влијанија на започнатите климатски промени (настапуваат се почести и подолги сушни периоди) и натамошните поскапувања на нафтата.

За тоа да се прилагоди на новите околности, стручњаците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) посебно се залагаат за примена на технологијата на Конзервационо земјоделство, кое не е идентично со Органското земјоделство, иако во крајна линија води кон него.

Повеќе...
 
Лути пиперки, лук и кромид Печати Е-пошта

Лути пикперки и лукВо вашата мала „домашна“ бавча мора да се најде по некоја леја за лути пиперки, лук и кромид. За постојано да ги имате при рака, да ги јадете редовно и во доволно количество. Пред се за здравје, за намалување на болката без оглед на нејзиниот предизвикувач, а после и за ведрина, па и радост на духот.

Повеќе...
 
Градини, тревници... Печати Е-пошта

ГрадинаОд внатрешноста на домот вашиот поглед на светот ќе биде наедно и поглед на градината. Ако таа служи само за гледање, а такви се малку, би требало да се уреди. На изгледот на самата градина придонесува правилното омеѓување, доброто поплочување, клупите, скулптурите, садовите за растенија. Меѓутоа, без цвеќе, украсни растенија, тревници и зеленило градината не би била тоа што е.

Можеби моментно не сте во ситуација или немате доволно пари за уредување на раскошна градина и можеби сте задоволни само со терасата и парчето поплочен простор. Но сите потајно сакаме нешто поубаво, можеби малку поголемо и помирно. Сите бараме некое свое катче, свој мир и опуштање во природа. Па зошто да ја немате природата во сопствениот дом и градината?

Повеќе...
 
Одгледување на ореви во дрвореди Печати Е-пошта

Дрворед од оревиПодигањето на дрворед на ореви, првенствено покрај патишта, има големо стопанско значење. Оревот е погодна овошка за дрвореди оти дава добро развиено стебло во услови кога обработката на земјиштето под неговата круна се врши само во првите години по садењето. Поради големата лисна маса тој го ублажува ударот на ветрот, а со тоа и неговото штетно дејство повеќе од кој било друг овошен вид, како и посебно што дава исклучително хранливи плодови кои се погодни за транспорт и чување. Освен тоа, дрвото на оревот е мошне ценето а дефицитарно, па лесно може добро да се заработи како на домашниот, исто така и на странскиот пазар.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>

Страница 3 од 5
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top