|
Дрен |
|
|
|
Дренот е листопадна грмушка или ниско дрво, до 8 метри височина, со заоблена густа крошна. Младите гранчиња се зеленкастокостенливи и повеќето фино влакнести. Листовите се спротивни, јајчести, со долги извлечени врвови. Цветовите се жолти. Се јавуваат рано, пред листањето, собрани во штитести цветници, правилни се и четиричлени.
Цути во февруари и март. Со жолтиот цвет искитените крошни на дренот ја красат природата во тоа време.
|
|
Повеќе...
|
|
Ах, тие комарци |
|
|
|
Здодевни се, неподносливи и надвор, во двор, во природа, и внатре, в куќа, во стан. Има спас од нив? Се разбира, побрзо внатре, во затворен простор, отколку надвор. Едноставно, ќе ставиш мрежи на прозорците и вратите, ќе купиш спреј или апарат за „бркање", ќе ги „собереш" со правосмукалка. Ако ти влегле, сигурно не се многу на број, та еден по еден ќе ги отепаш. Ама надвор, во двор, во градина...уште поедноставно.
|
|
Повеќе...
|
|
Конзервационо земјоделство |
|
|
|
Земјоделието повеќе од другите стопански активности е загрозено од негативните влијанија на започнатите климатски промени (настапуваат се почести и подолги сушни периоди) и натамошните поскапувања на нафтата.
За тоа да се прилагоди на новите околности, стручњаците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) посебно се залагаат за примена на технологијата на Конзервационо земјоделство, кое не е идентично со Органското земјоделство, иако во крајна линија води кон него.
|
|
Повеќе...
|
|
Лути пиперки, лук и кромид |
|
|
|
Во вашата мала „домашна“ бавча мора да се најде по некоја леја за лути пиперки, лук и кромид. За постојано да ги имате при рака, да ги јадете редовно и во доволно количество. Пред се за здравје, за намалување на болката без оглед на нејзиниот предизвикувач, а после и за ведрина, па и радост на духот.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 4 |