НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
За љубовта Печати Е-пошта

ЉубовЉубовта е чувствена приврзаност. За ралика од нејзината природно- биолошка основа, полов инстинкт, љубовта е општествена форма на чувствени односи помеѓу луѓето од различен пол.

Љубовта никогаш не е сосема слободна од инстинктивните чувства, но ако тие преовладеат, таа се претвора во телесна страст. Во обратен случај збор е за тн. платонска љубов.

Исти односи се можни, поради нецелосна природна диференцираност на полните особини или поради нивната искривеност од општествените услови за живот, и помеѓу лица од ист пол (хомосексуалност).

Чувствениот афинитет помеѓу луѓето, кој како своја основа ја има крвната врска, исто така се нарекува љубов (мајчинска, родителска, братска љубов). Во најширока смисла, со љубов се нарекува наклонетоста, афинитетот и интересите што се чувствуваат за кое било лице, па за предмети, уметност, наука, роден крај, татковина итн.

Љубовта се толкува и како онтолошки (мисловен) извор на напредокот онолку колку што е таа навистина единство, а не само присвојување. Ако е таа изопачена, наместо бараното соединувачко средиште станува начело на раздвојување и смрт. Изопачувањето се случува со уништување на вредноста на друг, со обидот тој егоистички да се подреди, наместо да се збогати со заемно давање. Основната заблуда на љубовта е дека еден дел се зема како се.

Митолошката основа на љубовта го нагласува судирот помеѓу душата на љубовта, што ја илустрира познатата митска драма на Психа и Ерос.

Имено, Психа, девојка која со својата убавина го надминува најубавото, не наоѓа свршеник: нејзиното совршенство застрашува. Нејзините очајни родители бараат совет од пророштвото. Спасот е во нејзиното украсување како за венчавка, потоа да се изложи на карпа на врвот од планината кај што ќе дојде чудовиштето и ќе ја земе за жена.

Девојката ја носат на одреденото место и ја оствааат сама. Наскоро ветрец ќе ја понесе кон дното на длабоката долина кај што се наоѓа величествена палата, а во која ја опслужуваат гласови како робови. Таа навечер чувствува нечија присутност, но не знае кој е до неа. Тоа е мажот за кого говорело поророштвото: самиот не кажува кој е, туку само предурпедува дека засекогаш ќе го изгуби ако го здогледа. Во палатата Психа минува денови и ноќи во среќа, но со време посаклува повторно да ги види родителите. Добива дозвола да се врати кај нив на неколку дена, а нејзините љубоморни сестри во неа будат недоверба, па по враќањето во палатата под светлината на светилката покрај себе здогледува убаво заспано момче. За несреќа, раката на Психа и затреперува и капка врело масло паѓа на Ерос. Тој се буди и бега од неа.

Тогаш почнуваат неволјите за Психа оти станува жртва на бесот на Афродита, а таа, пак, за да ја измачува, постојано за неа наоѓа се потешки и потешки задачи. Од друга страна, Ерос веќе не може да ја заборави Психа, а ни таа него. Од Зевс добива дозвола да се ожени со неа. Психа станува негова жена и се смирува со Афродита.

Во овој мит Ерос ја симболизира љубовта, а посебно желбата за задоволство. Психа ја персонифицира душата која сака да ја запознае таа љубов. Родителите го претставуваат разумот кој смислува нужни спогодби. Палатата е слика на раскоош и блуд, како и на сите производи на сонот. Ноќта, прифатената забрана на гледање на љубовникот и чувството на присутност, значи отстапување на духот и свеста пред претераната желба и фантазија. Тоа е слепо препуштање на непознатото. Враќањето кај родителите е будење на разумот.

По враќањето во палатата, Психа сака да го види својот љубовник. Потоа, откако го здогледува и почнува бесот на Аферодита поради љубомората предизвикана од убавината на Психа и љубовта кон нејзиниот син Ерос, заспаната Психа ја погодува стрелата на Ерос. Ерос веќе не се јавува само во физички облик, веќе не заплашува како чудовиште, туку и во животот се вклучила љубовта.

Научниците, кои од научен аспект ја проучуваат љубовта, истакнуваат дека таа е веројатно едно од најсилните чувства на човекот. Меѓутоа, мошне е тешко, речиси невозможно да се откријат физиолошките промени што таа ги предизвикува, како што може, на пример, лутењето или стравот да се ордедат дури и со мерни инструменти, бидејќи ги следат забрзан пулс и дишење, грчење на мускулите, и други промени во организмот на човекот.

Општоприфатено сознание е дека станува збор за биолошки факт, општа човекова особина што се раширила и се развила во сите култури, а одиграла важна улога во развојот на човекот. Љубовта е животна енергија која на човековата раса и овозможила да опстане илјадници години, непрекинато да се усовршува и да станува се побројна. Таа, љубовта, сигурно се родила помеѓу нашите најдалечни претци уште пред околу 4 милионин години. Тогаш имало претеж но еволутивна улога-било единствено важно жената и мажот да бидат заедно и поради полесно преживување, но и поради одгледување на потомство.

Научно е докажано дека во најголем број на вонбрачни и брачни заедници љубовната криза настапува по 4 години. Доколку паровите тогаш не добијат второ дете и не го продолжат заедничкиот живот (во следните 4 години), постои голема веројатност дека ќе се разделат.

Исто така е анализирано и "пијанството од љубов". Притоа е откриено дека телото на лицето што е заљубено е преплавено со материи што ги лачи самиот организам. Според хемискиот состав, тие се мошне слични на амфетаминот (наркотик кој го стимулира централниот нервен систем), односно допаминот, норепинефринот и особено фенилетиламинот. Тие супстанции навистина создаваат чувство како да е човек под благо влијание на дрога. Отпорноста, пак, на фенилетиламинот организмот ја стекнува по 2 до 3 години,а не помага ни земањето на чоколадо, и покрај некои погрешни верувања, зашто што оваа посластица е навистина богата со фенилетиламин. За да се преброди настанатата криза во љубовта, на помош прискокнуваат други органски материи со сосема поинакво дејство. Тоа се ендорфините кои на човекот му даваат чувство на сигурност. Тие се смирувачки и сосема спротивни во однос на фенилетиламинското "лудило".

Сексологот Џин Мани од Хопкинс университетот има своја теорија за раѓањето на љубовта и привлечноста помеѓу половите што таа ја предизвикува. Ја нарекол теорија на "љубовните мапи". Според Мани, сите сознанија што ги стекнуваме во текот на растењето и созревањето, а ги имаме од родителите и од најблиската околина, се врежуваат во мозокот во таа замислена мапа. Еден ден, кога ќе дојде времето да проработи љубовта, се палат лампичките на таа мозочна мапа. Сите специфики што несвесно сме ги забележале како привлечни, ги бараме во спротивниот пол. Се разбира, нивниот склоп никогаш не е (и не може да биде) ист од едно лице до друго, но тоа е она "нешто" што ни самите не можеме да го објасниме, а веднаш не привлекува кон некое лице.

Еден тим на научници од универзитетот во Мичиген спровел обемно истражување, кое опфатило 9474 испитаници во 33 држави на сите континенти, Се дошло до заклучок дека мажите ширум светот првенствено сакаат привлечни жени, а послабиот пол повеќе трага по амбициозни мажи кои искажуваат и способност да се снаоѓаат во животот, односно добро да заработуваат.

Речиси нема поет, уметник, творец, мислител кој не се искажал, не рекол нешто за љубоцвта. За Новалис таа еа вежна тајна; за Стендал е како грозница- се раѓа и ичсчезнува, а човековата волја притоа нема никаков удел; Ла Рошфуко мисли дека вистинската љубов е како појава на духови, имено секој зборува за нив, но малкумина ги видел.

Забележани се и некои занимливи нешта за љубовта или во врска со неа:

-Постојат 3 машки особини што ги привлекуваат жените: успешност, лидерство и економска независност;

-Постои медицински назив за болест од љубов: еротопатологија (еротоманија е болна опседнатост од емоции од сексуален карактер);

-Една од причините за производство на парфеми е и неспособноста на човечкиот организам да лачи феромон, материја што ја забрзува сексуалната привлечност. Парефемот маск, на пример, се добива од полните органи на азиска коза;

-Поразителни статистички податоци: на Денот на вљубените- Свети Валентин, бројот на обиди за самоубиства, особено помеѓу тинејџерите, се зголемува дури за 30%;

-Зошто Ескимите се бакнуваат триејќи си ги носевите? Поради големиот студ и опасноста дека ќе им испукаат усните. Кватиутл Индијанеците, пак, еден на друг си ги шмукаат јазиците;

-Точно е дека на пролет вљубените стануваат поромантични, зато што "вишокот" на светлината и топлината влијае врз побрзата работа на хипофизата која, меѓу другото, влијае врз посилното лачење на хормоните;

-Како се откриваат "свежо" вљубените? Симптомите се: зголемено лачење на адреналинот, проширени зеници, забрзано чукање на срцето, губење на апетитот и концентрацијата.

Поголем избор на мисли на големи луѓе кои со дело и творештво ја задолжиле човековата цивилизација:

-Во самракот на животот ќе бидеме судени според љубовта.
Свети Јован Крстител

-Љубовта е умешност; добро да се научи оваа умешност е најважната работа на светот.
Ерих Фром

-Во исконот бевме обединети: желбата и стремежот да се вратиме на единството се нарекува љубов.
Платон

-Единствена важна работа, кога ќе заминуваме, ќе бидат трагите на љубовта што сме ги оставиле зад себе.
Алберт Швајцер

-Да не се љуби-тоа е вистинско самоубиство.
Борис Пастернак

-Кој очекува благодарност за својата љубов, всушност ни не љуби.
Хенрих Волфганг Сејдел

-Љубовта спрема Бог и љубовта спрема блискиот се две крила на иста врата што се отвораат и затвораат само заедно.
Серен Кјеркегор

-Љубовта не е толку чувство, колку служење.
Лоренс Штерн

-Законот на љубовта не е заповед, туку повик на среќа.
Херман Хесе

-Во часот на смртта ќе полагаме испит за љубовта. Ако го положиме, засекогаш ќе се преселиме кај Љубовта.
Мишел Квист

-Да се љуби, значи да му се посакува на блискиот се она што веруваме дека е добро, и тоа поради љубовта спрема него, а не поради себељубието.
Аристотел

-Светоста не значи многу да се знае или многу да се промислува; големата тајна на светоста значи многу да се љуби.
Свети Тома Аквински

-Исус залудно умрел ако од него не сме научиле дека со нашите животи мора да владее вечниот закон на љубовта.
Махатма Ганди

-Ако сакаме да ги промениме луѓето, мораме да ги љубиме. Нашето влијание досегнува само до онаму, до каде што досегнува нашата љубов.
Хајнрих Песталоци

-Најгопемата животна трагедија не е што луѓето умираат, туку што не љубат.
Вилјем Могам Сомерсет

-Да се сака не значи да се гледа в очи, туку заедно да се гледа во иста насока.
Антоан д Сент-Егзипери

-Го сакам ли светот, со тоа веќе го менувам.
Петру Димитриу

-Во речикот на љубовта зборот "невозможно" не постои.
Роберт Мадер

-Каков прекрасен крај за оној што во љубов умира!
Франческо Петрарка

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top