НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Forever Историски „бисери"
Историски „бисери" Печати Е-пошта

Апстрактна уметностПостојат многубројни различни бисери и „бисери", домашни и странски. Помеѓу нив и историски. Тие не се баш „бисерни", со сите специфики што бисерите ги издвојуваат од другите „каменчиња на мудроста", па би можеле да ги наречеме и парадоксални (во меѓувреме негирани или потврдени), а притоа не негирајќи ја нивната историска „вредност".

Изборот што следува го направиле други, од странство, а на нашите „бисерџии" им останува обврската да пронајдат слични домашни кои можеби некој ќе ги искористи, макар бесплатно (како ние).

Може во некои печатени медиуми да се најдат одвреме-навреме, но сме забележале дека тие се повеќе „транзициони", отколку трајни.

-„Бродовите без едра се глупост",-му одговорил Наполеон на Роберт Фултон кога тој му понудил да изгради такви бродови- без едра;

-„Никакви камења не можат да паѓаат од небо!",- е заклучок на Француската академија на науките, на чело со Лавоазије (1785-та година), по повод прашањето за метеорите;

-„Самата помисла на паробродна линија Њујорк- Ливерпул е исто така глупава како и летот на Месечината; бидејќи паробродот никогаш не ќе може да го прими неопходното количество на гориво за да се премине океанот",- изјавил познатиот научник Лерднер, од 19-от век;

-„Денес слободно можеме да кажеме дека сите физички закони се пронајдени. Останува да се обработат некои ситни детали",- изјавил пронаоѓачот на галванометарот и претседател на Кралското научно друштво, Лордот Калвин, на крајот од 19-от век;

-„Ако некогаш се изгради летало полесно од воздухот, во најдобар случај тоа ќе биде детска играчка",- изјавил Томас Едисон (1847-1931);

-Изјава на познатиот Циолковски: „Теоријата на релативитетот е апсурд";

-Убедување на Ајнштајн (1879-1955): „Не верувам во можноста за користење на атомската енергија во наредните 100 години";

-Изјава на познатиот американски научник Буш во Сенатот на САД, во 1945-та година: „Сметам дека слободно можеме да ги отфрлиме сите размислувања за конструирање на вселенски летала".

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top