НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Forever За карактерот и карактерологијата
За карактерот и карактерологијата Печати Е-пошта

Апстрактна уметностПоимот карактер има две значења:обележје, значење и вистинска нарав, она што е најмногу својствено на некојпредмет, појава, лице, дело, епоха итн.; значење; психички лик, севкупност наинтелектуалните и (особено) на етичките својства на некоја личност; печат наиндивидуалност која на поединецот му го дава неговото наследство, воспитанието,образованието (добар, благ, строг, колеблив, себичен, настран карактер). Вопреносно значење е исто што и „цврст карактер", т.е. човек  со постојани убедувања и доследно однесување;изградена психичка индивидуалност отпорна спрема променливите влијанија наживотните прилики,  општествената околинаи сл.

Различноста на човечите карактери отсекогаш била предмет и на филозофско-психолошкиот и на уметничкиот (особено книжевниот) интерес. Од една страна, сеправи обид настанувањето на разликите во карактерот да се објасни со наведувањена факторите на наследството и процесот на создавање на навики, а од друга сенастојува непрегледното мноштво на различни карактери да се сведе на одреденброј на основни карактерни типови.

Пластичното, проникливото и уверливото цртање на човечките карактери еодлика на најдобрите дела на светската книжевност од нејзините почетоци доденес (ликовите од Хомеровата „Одисеја", Дантеовата „Божествевна комедија", воШекспировите драми итн.). Настојувањето некој негативен или комичен карактер дасе фиксира низ драмска акција создаде посебен тип на „карактерна комедија"(Аристован, Плаут, Молиер, Држич).
 
Најчесто користена општа дефиниција за карактерот е онаа што го истакнува клучното обележје:

Со карактер се означува клучно обележје на личноста, специфичен склоп на емоционално- мотивациони, социјални, морални и конативни изразити црти според кои таа се разликува од сите други.

Според Фројд, за развој на склопот на цртите на карактерот значајно е како поединецот ги поминал различните стадиуми во развојот на либидото, а посебно аналната и оралната фаза. Исто така е важен начинот како неговото Его го остварил односот спрема Ид и Супер- егото.

Според социјалните аналитичари, на формирањето на карактерот влијаат и организацијата на општеството и интерперсоналните односи, а не само организацијата на либидото.

Постојат инфантилен, аристократски, нарцисоиден, генитален, прнуден, хистеричен, параноично- агресивен, невротски, пасивно- фемино карактер, потоа фалично- нарцисоиден и садо- мазохистички.

Две лица кои располагаат со сосема различна умна развиеност и сосема различна сума на знаење, како според количеството исто така и според квалитетот, можат да бидат мошне слични според карактерот. Од друга страна, луѓе кои се подеднакво развиени и кои располагаат со подеднакво знаење можат да бида со сосема различен карактер. Мошне образован човек може да има мошне ништожен карактер, а мошне необразован човек- мошне силен карактер. Тоа значи дека поимот на карактерот главно се изградува од посматрање на спецификите на дејноста, чувствувањето и волјата, независно од човековото умно богатство или умна сиромаштија.

Меѓутоа, внесувајќи ги чувствувањето и желбата во поимот на карактерот, ние обично не ја внесуваме содржината, туку само формата на нивното изразување. Лош и добар, морален и неморален човек можат да имаат подеднакво слаб и силен, сталожен или бурен, ладнокрвен или плашлив, одлучен или неодлучен карактер итн. Според тоа, во поимот на карактерот не влегуваат ниту умната, ниту моралната состојба на човекот: не влегува самата содржина на чувствувањата и желбите, туку само формата на нивното изразување.

Често слушаме за „вроденост" на карактерот, а исто така често слушаме дека се зборува за „расипаност" на карактерот, за тоа дека ваков или онаков карактер во човекот се формирал според приликите на животот, како последица на воспитанието итн. Кога зборуваат за карактерот, луѓето го нарекуваат лош или добар, но никако во онаа смисла во која зборуваат за доброто или лошото здравје. Човековиот карактер го објаснуваат со неговите постапки, но самиот карактер често му се припишува во грев, иако понекогаш со извесни карактерни црти се олеснува пресметливоста на постапката.Воспитанието, од една страна, препорачува дека треба да се води сметка и да се прилагодува ставот спрема карактерот на воспитаникот, а од друга- дава правила како треба да се воспитува карактерот во човекот. Од тоа со право се заклучува дека општо- човечката психологија, која во секој случај има огромно значење како сума на безбројни посматрања на психолошките појави од страна на луѓето, гледа во карактерот во исто време и нешто природено на човекот и нешто што се формира во него во текот на неговиот живот,- и таквото гледиште е сосема точно, зашто карактерот кај човекот се формира токму под влијание на својствата кои  од една страна, му се природени, а од друга под влијание на животот. (Википедија)

Многу често го потенцираме „добриот карактер" кој не привлекува, кој во животот и дејствувањето ни служи за пример.

Грчкиот филозоф Аристотел има речено дека добриот карактер е она „правилно однесување во односот спрема другите и во односот со самиот себе". Исто така сугерира  дека она што без престан го правиме придонесува за она што ние сме.

Една „духовна" дефиниција:

Добриот карактер е јавен и приватен приказ на потези, однесувања и верувања, претставувајќи ги убедувањата на срцето, и се константно демонстрирани во мудрите лични избори и дела кога се соочува со различни прилики, искушенија или неволји.

Во тој „контекст" се вели дека „правилен карактер" е навистина тешко да се има и не се развива во некој празен воздушен простор. Карактерот првенствено мора да биде поставен на правилни темели и убедувања, додека на развојот на истиот, како што е потенцирано во спомнатата дефиниција, влијаат различни фактори, меѓу кои е најважно она во што ние веруваме.

Карактерологијата е психолошка наука која ги проучува човечките типови, темпераменти, карактери, односно сите оние црти кои секој човек во психолошка смисла го прават своевидно и посебно суштество. Таа не е дел од општата психологија, туку е посебна психолошка гранка која како „диференцијална" и „индивидуална" психологија ја посматра специфичната психолошка структура и посебните својства на човекот.

Карактерологијата ги испитува специфичниот начин на доживување и реагирање на одделно психичко човечко суштество, како и формирањето на неговиот карактер кое резултира од заемното дејствување на природните својства  и влијанија на физичката и општествената околина. Таа ги истражува психолошките диспозиции (условите и наклонетостите за различни форми на акција и реакција), нивната природена поголема или помала варијабилност на сите подрачја на доживувањето, од осетноста и мисловноста до чувственоста и волевата активност, дејствувањето на одделни фактори на околината и, конечно, настанувањето на типични индивидуално- психолошки структури, кои ги нарекуваме темперамент, карактер, ќуд итн.

Карактерологијата е особено важна за педагогијата. Како системска, таа е мошне млада психолошка наука, иако стремежот за фиксирање на главните типови на човечките карактери се јавува уште во антиката (Теофраст), а претставува предизвик и за кругот на тн. француски моралисти (Ла Бриер).

За прво системско дело за карактерологијата може да се смета книгата на Јулиус Бансен „Придонеси за карактерологијата" (1867).

Има различни карактеролошки системи, според тоа дали суштината и развојот на карактерот се настојува да се изведе од природената соматска структура на човекот (Кречмер, Јенш) или главно значење му се дава на социјалниот став (Јунг), насоченоста спрема одредени културни идеали (Спрангер) итн. Карактеролошките теории се разликуваат и според тоа дали се ориентирани  интелектуалистички, емоционалистички или волунтаристички, придавајќи и на интелигенцијата, чувствувањето (темпераментот) или волјата основно значење за развојот на индивидуалниот психолошки лик.

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top