|
За оптимизмот* |
|
|
|
Во општото и конвенционалното значење отпимизмот е став кој ги изразува добрите страни во човекот или општеството; подготвеност се да се види како добро; на доброто и убавото да им се припишува постојано присуство во човечките односи.
|
|
Повеќе...
|
|
За херметичката книжевност и бестселерот |
|
|
|
За два спротивни, но не и спротивставени термина од речникот на книжевноста:
Херметичкото дело претставува нискокомуникативно книжевно остварување, а што стана особеност на голем дел од современата книжевност. Писателот понекогаш свесно се стреми да ја намали комуникативноста на своето дело. Таа се намалува ако читателот тешко ја декодира пораката на книжевното дело, ако не е сигурен дека успешно и правилно ја декодирал или кога писателот целосно му ја препушта на читателот одлуката за тоа како ќе го декодира кни жевниот текст.
Иако поимот бестселер (на англиски: best seller - што се продава најдобро) е општ, се однесува на секоја продажба, со текот на времето доби потесно значење, особено во Америка: назив за книга која се бара најмногу, која според бројот на продадени примероци има особен успех.
|
|
Повеќе...
|
|
Творечката индивидуалност и оригиналноста |
|
|
|
Основното значење на индивидуалноста е неделивост. Се дефинира како: збир на особини и ознаки со помош на кои некое суштество- битие се покажува како своевидно, единствено неповторливо; тоа важи и за индивидуалноста на уметникот и за самото уметничко дело.
Оригиналноста, пак, значи изворност, самоникнатост како вредност на уметнички, научни, филозофски и други културни производи, но и творечка способност за производство на воопшто нешто ново.
|
|
Повеќе...
|
|
Основно за самоволието и моќта |
|
|
|
Во поширока смисла, самоволието се разбира како манифестација и примена на неограничена волја на поединец или група, наспроти усвоените и важечки општествени норми. Примената на неограничена волја се смета за самоволие, без оглед дали тоа го прави мнозинството, малцинството или поединецот. И тоа во сите ситуации кога изразената волја е во спротивност со важечките општествени и законски норми или, пак, таа е во спротивност на интересите, стремежите и барањата на пошироката општествена заедница.
Моќта може да се дефинира како способност или можност поединци или општествени групи да ги наметнат своите сопствени интереси, решенија или промени. Со други зборови, општествената моќ го означува наметнувањето на решенија или промени во општеството од страна на општествени субјекти кои им соодветствуваат на нивните интереси и потреби.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 11 12 13 Следно > Крај >>
|
|
Страница 11 од 13 |