|
Еколoшки туризам: Почна трката за подводни хотели. Првиот веќе идната година |
|
|
|
Светските компании Poseidon Resorst и Crescent Hydropolis Resorta почнаа да се натпреваруваат која побрзо ќе го изгради првиот подводен хотел.
Компаниите се надеваат дека своите проекти во Јужниот Пацифик и Персискиот залив, вредни 80 и 330 милијарди фунти, ќе ги почнат во наредните неколку недели. Претставници на Poseidon Resorst се надеваат дека изградбата на нивниот подводен хотел ќе заврши до крајот на идната година, додека нивните конкуренти својот подводен хотел треба да го завршат нешто подоцна.
Потенцијални гости веќе побарале резервации, а цените за ноќевање во идниот подводен хотел ќе изнесуваат над 3.500 фунти.
Според планот на архитектите, хотелот на Poseidon треба да се наоѓа 18 метри под површината на морето, покрај еден тропски остров во близина на Фиџи. Хотелот треба да има 20 апартмани и два ВИП комплекси, ресторан и бар, кои ќе бидат поврзани со тунели. До хотелот гостите ќе можат да дојдат со подморница или преку тунел од брегот. Моделот на подводниот хотел ќе биде изграден во Девон, а структурата или во Сиетл или во Нов Зеланд, и со брод ќе биде пренесена до Фиџи.
Хотелот Hydropolis ќе биде погламурозен од хотелот на Poseidon. Тој ќе има и концертна сала, плажа, 200 соби и 30 апартмани.
Двата хотела ќе бидат изградени од челик.
|
|
За еден обид за користење на сончевата енергија уште во 19-от век! |
|
|
|
Во есента на 1892-ра година во Москва рускиот академик К.А. Тимирјазев одржал предавање на тема "Борба на растението со сушата" и притоа навел еден „познат остроумен обид на Мушо да направи пумпи за вода кои работат благодарение на сочевата енергија". И додава дека оваа пумпа е интересна поради тоа што е речиси свесна за својата суштина и дава повеќе вода со повеќе сонце.
Како?
|
|
Повеќе...
|
|
Драстично опустошување на живиот свет во океаните |
|
|
|
Се почесто и посилно научниците, и не само тие, го креваат својот глас против енормното, неконтролирано експлоатирање на рибното (и друго) богатство. Веќе постојат сомнежи дали има уште време за спас ( и на човештвото), дали не е се неповратно изгубено.
Според најнови проценки на океанографите и биолозите на морето, живиот свет во морињата и океаните би можел да доживее драматичен пад во наредните 50 години додека Обединетите нации и американската администрација се уште разгледуваат начини за запирање на глобалното загревање.
|
|
Повеќе...
|
|
Загадувањето со подводна бучава ги убива рибите |
|
|
|
Рибите и морските цицачи стануваат глуви поради се поголемата подводна бучава, предупреди италијанскиот стручњак Фабрицио Борсани.
За проблемот на подводната бучава расправаа стручњаците на конференција во Данска, а сите се согласуваат дека бучавата што ја произведува човекот битно влијае врз животот на морето.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 Следно > Крај >>
|
|
Страница 4 од 7 |