|
Ветерниците би можеле да го спасат светот |
|
|
|
Решението на се поакутниот проблем на пронаоѓање на тн. чиста енергија би можело да се најде во ветрот. Студијата објавена во „Списание за геофизички истражувања“ заклучува дека силата на ветрот може да ги задоволи сите наши потреби за енергија.
Ако би искористиле само една петтина од таа сила, би можеле да ги замениме сите останати извори на енергија, вклучувајќи ги струјата и горивото за возила и греење. Научниците на Станфордскиот универзитет во Калифорнија, автори на таа студија, ги анализирале брзината на ветрот и температурата на 8.000 метеорлошки станици во периодот од 1998-ма до 2002-ра година. Тие податоци потоа се искористени за да се направат мапи на кои се гледа каде брзината на ветрот е доволно голема за да може да се искористи за производство на евтина енергија.
|
|
Повеќе...
|
|
Туризмот на Јужниот пол |
|
|
|
Туристите се повеќе го посетуваат Антарктикот, континентот на кој се наоѓа Јужниот пол, најстуденото место на Земјата, речиси секогаш покриено со лед, но поради непостоење на законска регулатива стручњаците се плашат дека тоа би можело да доведе до погубни еколошки последици.
„Според еколошкиот протокол на Секретаријатот на Арктичкиот договор, целиот Антарктик се смета за резерват“, изјави за Ројтерс Џим Барнс, извршен директор на Коалицијата на Антарктик и Јужниот океан.
|
|
Повеќе...
|
|
Климатските промени и градскиот живот |
|
|
|
Научниците сметаат дека со климатските промени ќе дојде до натпросечен пораст на температурите во градовите и бараат урбанистички мерки со кои би се овозможила „вентилација на градовите“.
„Потребни ни се коридори за студен воздух во градовите“, изјави германскиот стручњак за клима Carl Beierkuhnlein, на еден симпозиум за климатските промени и здравјето одржан во Минхен во 2008-мата година.
За тоа да се овозможи, Beierkuhnlein смета дека во некои градови ќе мора дури да се уриваат згради за да се создадат такви „корироди за проветрување“.
|
|
Повеќе...
|
|
Биолошка разновидност |
|
|
|
Биолошката разновидност ја подразбира разновидноста на живите организми кои настануваат на копно и во вода, како и разновидноста во рамките на различните видови, помеѓу видовите и екосистемите. Биодиверзитетот не е само севкупната разновидност на формите и појавите на растителниот и животинскиот свет, туку и разновидноста на функциите на живите организми.
Поради опстанокот на планетата и хармоничниот соживот на човекот и природата, светот би требало да се насочи на две главни цели: зачувување и одржливо користење на биодиверзитетот.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 6 |