| Кризата ќе трае до 2016- та година |
|
|
|
Промислете колкуб беше и е во право откако ќе прочитате акценти од интервјуто за агенцијата Ројтерс. Порастот на индексот S&P 500 од речиси 40%, кој е постигнат по најниската вредност во изминатите 12 години, од 676 бодови на 9- ти март (2009-та), не е одржлив. „Тоа не е почеток на нов 'bull market', нашите истражувања покажуваат дека 'bear market' е многу поголем отколку што мислат повеќето луѓе, на трага на оној во периодот 1929-1932- ра година. Станува збор за мошне редок пример. Мислам дека следниот удар на кризата ќе биде еднакво или дури повеќе погубен од оној кој штотуку го почувствувавме. На сите би им препорачал да останат на страната на сигурноста". Како и во својата книга „Победете ја кризата", што ја напиша во 2002- ра година, а во која предупреди на опасноста од американскиот долг и дефлациска криза, Прехтер и денес заговара сигурни вложувања. Рискантниот имот, како што се стоката, корпоративните обврзници и акциите кои укажуваат на крај на глобалната економска криза, веројатно имаат краткорочно опоравување, но е неминовен долгорочен пад на вредноста кој би можел да потрае во идните 7 години. „Банките и натаму акумулираат загуби, а се намалува и заработувачката на фирмите. Проблемите веројатно ќе потраат до 2016- та година, а дотогаш економијата ќе претрпи многу удари", смета Прехтер. Нафтата ќе се опорави од моментните вредности кои се движат нешто под 60 долари за барел, но порастот нема да премине 80 долари за барел зашто вложувањето во имот е долгорочно предодредено за 'bear market'. „Дефлацијата доаѓа, а ќе доведе до депресија. Се уште не сме стасале до дното. Верувам дека дефлацијата ќе се изменува со периодите на опоравување", потенцира тој. Ништо посветла иднина не предвидува ниту за пазарот на среброто, а ентузијазам нема ниту за пазарот на злато, зашто верува дека пазарот на благородни метали достигна врв кога минатата година ја премина вредноста од 1.000 долари: „Додека златото уште во март 2008- ма го достигна врвот од 1.000 долари за унца, цените на државните обврзници веројатно долгорочно ќе се најдат во 'bear market', а главен катализатор на таа состојба ќе биде издавањето на владини задолженија. Државната ризница има премногу лош долг, па со време ќе дојде до промена во начинот на кој Американците ја доживуваат Владата". Прехтер додава дека резултат на тоа ќе биде поголеми барања за даночни олеснувања. Американската централна банка не ќе може да ги контролира владините финансии и не ќе може да го намали порастот на даночни олеснувања. Идната година владините обврзници веројатно ќе достигнат минимална вредност. „Фирмите треба да очекуваат бран на пад на ведноста на акциите. Тоа е продолжение кое не ќе може да се избегне. Оние фирми кои денес зборуваат дека пари и натаму може да се позајмуваат и да се влегува во големи ризици, ќе се најдат во проблеми", заклучува Прехтер. Збор- два за дефлацијата и лошиот ефект од неа: Иако потрошувачите се веселат на дефлацијата и намалувањето на цените на производите, таа всушност води до губење на вработеноста и крах н берзата. Многу западни економии се во рецесија, а и останатите се лизгаат кон неа. Некои стручњаци предупредуваат дека следна би можела да биде дефлацијата. Имено, токму тоа се случило во Големата депресија во 1930- та и во Јапонија во 1990- та година. Став на Дајан Коил изнесен за Би- Би- СИ: „Дефлацијата, како што и зборува и името, е спротивно од инфлацијата. Тоа значи дека вкупната цена на производите непрестано паѓа во текот на подолг временски период. Често гледаме пад на цените на компјутерските игри и компјутерите па, бидејќи е збор за неколку производи и се случува во краток временски интервал, никој не се грижи. Но ако е збор за подолг период и повеќе се шири, тогаш зборуваме за дефлација". Економистот Грахам Тарнер вели дека, иако пониските цени им се чинат попримамливи на потрошувачите, тие всушност значат лоши вести за сите. Тоа може да доведе до маѓепсан круг на намалување на потрошувачката и зголемена невработеност: „Луѓето чекаат цените да паднат за да купуваат поевтино, а всушност тоа води до уште поголема дефлација и губење на работата". Најголемата депресија се случи за време на Големата депресија во 1929- та година. Роберт МекЕлвејн, главен стручњак за Големата депресија, вели: „Годината 1920- та беше прва година во која масовната економска продукција во побарувачката за масовна потрошувачка се крена и тука дојде до проблеми. Луѓето немаа доволно пари за купување на се што беше понудено на пазарот. Главното начело според кое тоа со години се одолговлекуваше беше попуштањето на луѓето кои немале доволно пари- зголемување на кредитите. Кредитите со години се натрупуваа додека на крајот берзата не се урна во 1929- та година, кога стоката не се продаваше доволно за да ја одржи економската состојба во плус". Во текот на Големата депресија невработеноста порасна за повеќе од 25% во САД и се прошири на остатокот на светот, а траеше подолго од деценија. Но, за да научиме нешто од грешките во минатото, идејата е да се оттргнат инвеститорите од сигурни инвестиции, како што е долгот на владата, и да се охрабрат на инвестирање во работи кои овозможувбаат вработување, што е пат кон стабилизација на економијата. |





















