НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home БИЗНИС КЛИМА Економски параметри Пример за углед(?): што Русија нема да дели со странците
Пример за углед(?): што Русија нема да дели со странците Печати Е-пошта

РусијаЗа да ја заштити својата национална безбедност, Русија во 2008- ма напиша- усвои правила за странските инвеститори според кои можат да „играат“ и да ги планираат своите инвестиции во стратешки гранки, а особено во секторот на нафтата и гасот.

Државната дума усвои закон, по подготовка од цели 3 години, со кој се усогласува и утврдува списокот на областите во кои на странците ќе им биде допуштено инвестирање, како што се наведува популарно, „само според лична одлука на премиерот“.

Како што се очекуваше, странските инвеститори законот го оценија како поволен.

„Тоа е добра вест за нас, затоа што законот внесува јаснотија во бизнизот“, оцени претставник на една странска компанија.

„Ние стапивме во нова етапа на развој, во нова епоха. Сега го напуштаме принципот дека парите не смрдат. Ако порано зборувавме: „Дојдете во која гранка сакате, купете што сакате“, сега, меѓутоа, почнуваме со јасен приод кон инвестициите, и како прва мерка почнуваме да ги контролираме своите стратешки гранки кои битно влијаат врз одбранбената способност на земјата и безбедноста на државата“, изјави еден од авторите на законот, претседателот на Комитетот за индустрија, изградба и нова технолгија на Думата, Мартин Шакум.

Како што предвидува законот, странските компании кои сакаат да имаат повеќе од 50% акции во некоја руска компанија во 42 стратешки гранки, мораат да бараат одобрение од комисијата составена од домашни економски и безбедносни структури. Ако во таа фирма мнозински удел има државата, странската фирма мора да бара дозвола и за купување на секое учество над 25%, а конечната одлука може да биде донесена за 3, максимум 6 месеци. Странските компании, кои веќе поседуваат повеќе од 5% од акциите на некоја стратешка компанија, според новиот закон се должни да го пријават својот удел на руските власти.

Како стратешки гранки, во кои ќе важат ограничувањата за странските инвеститори, наведени се сите главни стопански гранки- од нуклеарната енергетика, авијација, космонаутика, индустријата на вооружувањето, па до риболовот и пристапот до лежиштата на необновливи извори на суровини. Меѓутоа, тука се и, на пример, телевизиските и радио компаниите и, исто така, високотиражното издаваштво, ако тиражите надминуваат милион примероци. Во последен момент од законот се исфрлени услугите на провајдерите во Интернетот.

Се започна со барањето на претседателот на Државната дума во 2005-та година. Тогаш Владимир Путин побара од законодавците „јасно да ги одредат сферите во кои интересите за јакнење на независноста и безбедноста бараат заштита и контрола на националниот капитал“.

„На инвеститорите не им требаат загатки и итроштини“, ги објасни Путин мотивите да се донесе еден таков закон.

Значи, по низа извршени чиновнички работи, Државната дума го донесе тој баран општ закон.

Меѓутоа, како што е веќе речено, списокот на „неприкосновени“ гранки не значи дека таму нема да има странци. Ним не им е дозволено да имаат повеќе од 50% акции на стратешките компании, а за купување на 20-25% акции треба да добијат согласност на владината комисија.

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top