НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Егзактика
Инструмент без кој не се може: термометар Печати Е-пошта

ТермометарТоа е инструмент за мерење на температура. Се нарекува уште и топломер.

Се заснова на фактот дека две тела со допир се доведуваат на иста рамнотежна температура. Температурата што ја покажува е наедно температура на телото со кое тој е во допир.

Повеќе...
 
Во светот на роботиката Печати Е-пошта

РоботикаДодека кај нас, во Република Македонија роботиката е на „почетна нула“, во светот, а пред се во Јапонија и Јужна Кореја, тие се веќе дел од секојдневјето на човекот, негов помошник и собеседник. Но и негов злоупотребувач.

Токму грижата за заштита на роботите од човековата злоупотреба, поточно злоставување беше ричина во Јужна Кореја од пред две- три години да се воведе првиот етички „роботски“ кодекс. Го концепира 5-член тим во кој беа вклучени и футуристи, како и писател на научна фантастика.

Некои од роботите што ви ги претставуваме во овој прилог се веќе „обични и секојдневни“.

Повеќе...
 
Истражувања на пирамиди во Русија Печати Е-пошта

Руска пирамидаПирамидите имаат тајна и чудесна моќ?! Сомневањата се од одамна, уште од почетокот на откривањето на египетските пирамиди, но во нашево време се повеќе се потврдува дека „зрачат“ позитивно врз човекот, но и врз „неживите“ материи во неговата околина.

Потврдено: имунолошкиот состав на организмите во нив зајакнал, пораснал бројот на леукоцитите во крвта и се забрзала регенерацијата на ткивото; здравјето на новороденчињата многу се поправило, а на околу 5.000 затвореници во руските затвори само за неколку месеци значително им се поправило однесувањето откако во нивната храна им се ставале сол и пипер кои претходно биле држани во пирамида.

Се чини дека пирамидите ја намалуваат силата на разни вируси и бактерии. Семе оставено во пирамида од 1 до 5 дена резултирало со зголемување на приносите од 30% до 100%!

Мој најсериозен предлог: да се стапи во контакт со градителот на руските пирамиди и да се подигне една во центарот на Скопје, а во рамките на проектот „Скопје 2014“. Се разбира, и во сите други градови и села односно општини во Македонија!

Повеќе...
 
Човечкиот мозок* Печати Е-пошта

Човековиот мозокТој постојано се истражува, особено неговото функционирање, и постојано се откриваат нови нешта.

Од она што е досега познато:

Човечкиот мозок, таа маса на испреплетени нервни станици, ги одредува нашите сетила, чувствата, паметењето, интелигенцијата, креативноста, мислите и постапките. Овој дел од нашата анатомија навистина го прави она што ние во суштина сме.

Мозокот е посложен и посестран од кој било компјутер.

Тој тежи околу 1.300-1.400 грама. За споредба, мозокот на шимпанзото тежи 420, а на слонот 4.000 грама.

 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>

Страница 1 од 4
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top