| Nunavut или "Наша земја" |
|
|
|
Службено, Nunavut е прогласен за посебна територија на Канада во април 1999-та година и за првпат Инуитите добија своја власт над него. Со договорот „The Nunavut land claims agreement" добија право на сопственост на околу 350.000 квадратни километри. Нунавут е канадска територија со најмлада популација. 55% од неа, од околу 30.000 Инуити кои живеат на таа територија, се помлади од 25 години! Нунавут со договорот најпосле доби и свое знам и грб. Сината и жолтата (златната) боја на знамето ги означуваат богатството на земјата и небото. Црвената упатува на припаѓање на Канада. Inuksuk, кој се наоѓа во средината, е споменик од наредени камени блокови во форма на човек, кој им служи за ориентација на луѓето на територијата на Nunavut кога одат во лов. Исто така служи за плашење на карибуата, вид на северен елен, а им помагаат и во нивно наведување во замка. Inkusuk уште означува свети и посебни места. Niqirtsuituq, ѕвездата Северница, е традиционален начин на ориентација. Таа исто така го симболизира водството на староседелецот во заедницата. Доминантни бои на грбот се сината и жолтата (златната) со иста симболика како и на знамето. Во базата на штитот се наоѓа Инуксук. Qulliq, инуитска камена ламба, претставува светлина и топлина кои владеат во семејството и заедницата. Издлабениот лак од 5 златни кругови претставува животно важното движење на Сонцето над и под хоризонтот. Тука е повторно и Niqirsuituq, ѕвездата Северница. На круната на грбот се наоѓа иглуит или иглу, кој претставува традиционален живот на луѓето и исто така значи преживување во сурови услови. Кралската круна го симболизира владеењето на целиот народ на Нунавутите и укажува на тоа дека Нунавут е партнер на канадската конфередација. Tuktu (карибу, десно) и qilalugaq (нарвал, лево) се претставници на природното богатство на животинскиот свет на копното и морето на Нунавут. Долниот дел на грбот се состои од земја, море и трите најчести видови на арктички диви цветови. Мотото на нунавутската територија на инуктитут- Nunavut sanginivut - значи „Нунавут, наша сила". |







Nunavut на инуктитут, јазикот на Инуитите (Ескимите), значи „Наша земја" и е дом на Инуитите со илјадници години, а како составен дел на Канада повеќе од столетие. Територијата се протега на 1,9 милиони квадратни километри и претставува отприлика околу 1/5 од големината на Канада.













