НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Цивилизација Основно за морфологијата
Основно за морфологијата Печати Е-пошта

СликарствоВо лингвистиката тоа е состав од јазични форми односно начини како се формираат и менуваат зборовите во некој јази.

Исто така, таа е дел од граматиката која се занимава со формите на зборовите, односно која ги изучува постапките и начините  како гласовно-семантичките елементи, носителите на основното (коренското) значење се доградуваат и преградуваат по пат на морфеми (афикси, гласовни алтернации, аглутинации, преакцентуација и сл.) за да се изградат разни видови на зборови и да се одреди нивниот граматички лик (меѓусебен однос, функцијата во реченицата итн.).

Постојат јазици кај кои морфологијата воопшто не е развиена и кај кои јазичната функција на морфолошките варијанти се надоместува со групирање на непроменети зборови според одредени синтактички правила (изолирачките јазици, како на пример кинескиот). Од друга страна, пак, има и јазици кај кои морфолошките постапки  се толку развиени што еден ист збор може да има повеќе десетици различни форми (старогрчкиот, некои јазици на американските Индијанци).

Морфологијата во биологијата е гранка која ги проучува обликот и структурата на растителните и животинските организми. Таа се дели на анатомија, хистологија и цитологија, а е поврзана со ембриологијата, која го проучува развојот на никулците, тератологијата, која ги истражува аномалиите во тој развој, како и со патолошката анатомија и хистологија, кои ги опишуваат патолошките промени на органските, односно ткивните структури.

Првобитно, морфологијата била исклучиво дескриптивна дисциплина. Потоа се развила компаративната морфологија која, споредувајќи ги облиците и структурите на различни организми, како и пронаоѓајќи структурни разлики или поклопувања, дала драгоцени придонеси на науката за еволуцијата.

Експерименталната или каузалната морфологија ги истражува факторите и причините на оние процеси кои ја насочуваат диференцијацијата на одредени облици и структури во текот на ембрионалниот или ларвалниот развој, а кај возрасните организми се истражуваат условите на зачувување на органските структури со процесот на регенерацијата.

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top