|
Хиероглифи |
|
|
|
Тоа е назив за писмени знаци на кое било идеографско (поимно) писмо (египетско, сумерско, хетитско, критско, мексиканско, кинеско). Во потесна смисла- древно египетско сликовно писмо од сакрален карактер, настанато во 4-от милениум пред нашата ера. Знаците на тоа писмо само во дел се идеограми, т.е. симболи на предмети и поими, кои инаку имаат фонетска вредност и означуваат групи (обично 2-3) на согласници, понекогаш и на одделен согласник.
|
|
Повеќе...
|
|
Најголем медиумски музеј на светот |
|
|
|
Американската престолнина Вашингтон во април 2008-та доби своевидна катедрала посветена на печатот и новинарството, во која е претставена историјата на тој медиум- од пронаоѓањето на печатарската машина до дигиталното доба.
Музејот „Newseum“, сместен помеѓу зданијата на Конгресот и Белата куќа, се градеше 10 години и во него беа инвестирани 450 милиони долари. Изложени се илјадници „историски“ насловни страници и славни фотографии, разни филмови, интерактивни игри на кои им се посветени дури 14 галерии, а има и две телевизиски студија и 15-тина амфитеатри.
Во музејот се изложени и стотици сувенири, меѓу кои и новинарската легитимација на Ернест Хемингвеј додека бил воен известувач во Европа во 1944-та година, потоа едно возило изрешетано од куршуми кое „Тајм магазин“ го користел во Сараево, како и прочуениот црвен џемпер кој Хелен Томас, доајенка на новинарите акредитирани во Белата куќа, секогаш го носела на конференциите за печатот за подобро да му го привлече вниманието на претседателот.
Дел од просторот е посветен на терористичките напади од 11-ти септември 2001-ва, во кој се изложени остатоци од сателитската антена што се наоѓаше на врвот на Светскиот трговски центар и во кој се прикажува филм за трагичниолт настан што се случи на тој ден.
|
|
Повеќе...
|
|
„Големиот брат" на Орвел е веќе мошне активен |
|
|
|
Ерик Артур Блек или Џорџ Орвел е еден од најоспоруваните писатели на светската книжевност. Бил полицаец, пристанишен работник, револуционер, борец за човековите права, новинар, воен радио- известувач. Пишувал и објавувал книжевни дела помеѓу двете светски војни.
Во енциклопедиите може да се сретнат само кратки белешки со основни податоци: дека бил англиски романсиер, есеист и политички писател, а неговата книжевна оставнина содржи десетина есеи, четири поеми и двете најзначајни дела- алегорискиот роман „Животинска фарма", во кој на жестока сатира ја подложи диктатурата на новото доба, и романот „1984", антитоталитаристичка визија на иднината.
|
|
Повеќе...
|
|
Kонцептуална уметност |
|
|
|
Концептуалната уметност е насока во современата уметност во 60-тите години на 20-от век. Нејзин главен аргумент е дека „уметноста треба да постои само како идеја, а не како физички ентитет“.
За приврзаниците на ова движење идејата за реализирање на некое уметничко дело или проект значи многу повеќе од неговата материјална реализација.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>
|
|
Страница 4 од 9 |