|
За eтиката на коридата |
|
|
|
Кога станува збор за поврзаноста помеѓу традицијата и етиката, една од горливите теми во Шпанија, на која се водат големи, па и жестоки расправи(и), е секако меѓу најзачуваните шпански традиции- коридата. Заедно со сангриу и фламенго, борбата со бикови стана препознатлив „печат" на Шпанија. Таа се одржува уште во 8 американски држави од шпанското говорно подрачје. Една од нив е и Еквадор.
Дали е дојдено времето таа да се укине?
|
|
Повеќе...
|
|
За јапонската книжевност |
|
|
|
Пишуваната книжевност во Јапонија ја добива својата востановена форма дури на почетокот од 8-от век, кога ширум земјата проширената кинеска писменост почнува да ги фиксира плодовите на древната јапонска народна лирика.
Помеѓу најстарите сочувани текстови на јапонската книжевност спаѓаат „Fudoki“, опис на разни краишта пишуван помеѓу 713-та и 733-та, како и шинтоистичките ритуални молитви „Norito“.
|
|
Повеќе...
|
|
Непозната оставнина на Франц Кафка |
|
|
|
Експертите допрва треба да ги проучат купиштата порано невидени забелешки, разгледници, цртежи, кои собирале прашина во Тел Авив, во стан на поранешна секретарка на пријателот на Кафка, Макс Брод.
Од смртта на Брод во 1968-ма година документацијата била во посед на Естер Хофе, секретарка на Брод и љубовница која со години одбивала кому било да му ги покаже.
Израелските медиуми објавија дека некои од Кафкините хартии таа ги продавала на јавни аукции, а други се прокриумчарени од Израел и ставени во сефови во Швајцарија.
|
|
Повеќе...
|
|
Nunavut или "Наша земја" |
|
|
|
Nunavut на инуктитут, јазикот на Инуитите (Ескимите), значи „Наша земја" и е дом на Инуитите со илјадници години, а како составен дел на Канада повеќе од столетие. Територијата се протега на 1,9 милиони квадратни километри и претставува отприлика околу 1/5 од големината на Канада.
Службено, Nunavut е прогласен за посебна територија на Канада во април 1999-та година и за првпат Инуитите добија своја власт над него.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 7 |