НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home VOX POPULI Блажена горо зелена Испеано и запишано
Испеано и запишано Печати Е-пошта

Наивно сликарствоМногу песни запишани за навек во македонската народна лирика доживеале и доживуваат испејување. И тоа на иста мелодиска основа, но со промени во записот- повеќе варијанти. Најчесто станува збор за адаптација спрема мелодиската линија и ритамот, но не се ретки случаите при слушањето и пренесувањето односно „препејувањњето“ да се менува и смислата и содржината.

Еве три многу познати- популарни македонски народни песни кои и како записи и како пејанија имаат разлики, но и додатни односно неиспеани стихови:

Си заљубив едно моме

Си заљубив едно моме,
од малечко, до големо.
Дојде време да го земам,
легна моме, се разболе.

Јас отидов да го видам,
ми посака понадица:
сред зима бело грозје,
среде лето жолта дуња.

Јас отидов во чаршија,
да му купам бело грозје.

Ко се вратив од чаршија,
сретнав либе на носило:
белој лице потемнело,
црни очи затворени!

Туку ти се чудам Цвето

-Туку ти се чудам, Цвето, како само спиеш,
како само спиеш, Цвето, ф шарена одаја,
ф шарена одаја, Цвето, на мека постеља,
на мека постеља, Цвето, на мека перница!
-И јас ти се чудам, лудо, как еднош не дојде,
как еднош не дојде, лудо, во нашето село,
али коња немаш, лудо, али п'тот не знајаш?
-И два коња имам, Цвето, и два друма знајам,
и два друма знајам, Цвето, вера не ти фашчам,
кога ми те видоф, Цвето, горе стрет селото,
горе стрет селото, Цвето, прет сите селјани,
прет сите селјани, Цвето, прет земски сејмени,
к'де ми се виеш, Цвето, к'де ми се кршиш,
к'де ми се кршиш, Цвето, как фидан на бафча,
как фидан на бавча, Цвето, как ластар во лозје!

Со маки сум се родило

Со маки сум се родило,
со жалости јас ќе си умрам.
Маките да ми напишите,
озгора на гробо мој!
Ќе се качам на планина,
ќе влезам ф црни, темни зандани.
Очите да ми паралдисаат,
сонцето да не го видам!
Ќе слезам долу ф полето,
ќе легнам долу в ѓул-бафче:
пот тој алов катмер калемфир,
пот тој ран бел босилок!

 

 

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top