НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home AJ Бизар Необично во обичното
Необично во обичното Печати Е-пошта

Апстрактна уметностНеобично во обичното толку многу се намножува секој ден што е најлесно со него да се минуваат нездодевно денови и ноќи. Или, на пример, да се организира сајт- портал на Интернет, какви што веќе ги има недоброј. Дури и не е потребен некој посебен критериум за евентуална селекција, освен да се избира што понеобично од необичното.

На нашиов сајт се доволни неколкуте подрубрики во рамките на рубриката „Ај“, и тоа не позачестено од другите. Од едноставна причина што целта е помеѓу обичното и необичното во која било област од нашето живеење, работење, дознавање и сознавање секогаш да има знак на равенство- да се рамномерни и рамноправни.

Недалеку од Амстердам, во близина на Лајден, е сместена најубавата градина во Европа- Којкенхоф, единствена и најголема палета на негувани лалиња во Европа. Лалето стана најпрепознатлив симбол на Холандија и денес успешно се одгледува на стотици хектари во околината на Амстердам, а низ некои чудни текови стасало од Турција во Холандија во 17-от век.

-Холандија денес спаѓа помеѓу трите земји со најголем извоз на цвеќе на светот. Во продавниците може да се најде семе за за садење на цвеќе, садници и, пред се, расцутено цвеќе. Лалињата можат да се најдат во сите бои, од кои некои ретко се гледаат надвор од Холандија, на пример црни лалиња. Можат да се најдат и садници на цвеќиња, кои се подготвени за извоз, така што туристите можат да ги земат за дома како сувенир.

Амстердамскиот Блуменмаркет на светот е единствен цветен пазар на вода. Основан е во 1862-ра година на стариот канал Сингел, кој во Средниот век го опкружувал градот. Околу него се градби типични за традиционалната холандска архитектура. Пазарот опфаќа 15-тина цвеќарници на сплавови.

Во Холандија е и најголемата берза на цвеќе на светот- Алсмер, но и втора по големина аукциска куќа на цвеќето. Берзата има годишен обрт од повеќе од 2 милијарди гулдени, најголем извозник е на сечено и саксиско цвеќе, како и растенија за внатрешна и градинарска декорација. На овој пазар стасуваат садници од 600 домашни и странски одгледувачи, пред се од Израел, Шпанија, Кенија, Зимбабве и други земји. Најзначајни купувачи се Европјаните, помеѓу нив најмногу Германците, Британците, Швајцарците, Французите.

На два аукциски центра на холандската берза на цвеќето, во Нолдвијк и Блесдвијк, дневно се вршат повеќе од 40.000 трансакции помеѓу прадавачи и околу 3.000 купувачи и извозници од целиот свет. Метежот почнува во рани зори, кога во 4 часот одгледувачите довезуваат илјадници уредно спакувани садници. Тие се стокираат во огромни хали на речиси 700.000 квадратни метри простор и се чуваат на температура која е прилагодена на речиси секој цвет. Грижата за секое растение секојдневно ја водат околу 1.700 вработени во оваа аукциска куќа. По прегледот на квалитетот од страна на иснпектор на берзата, се е подготвено за почеток на продажбата.

Во 6 часот наутро 5-те сали за аукција се веќе преполни со нервозни купувачи, опремени со цигари, кафе, други напитоци, а патем и со неопходна техника од факсови до мобилни телефони. И во случајот на трговијата со цвеќе времето е пари. Додека пред трговците минуваат контејнери на цвеќе, часовник на кој се испишани сите карактеристики на садницата почнува да работи. На обичниот смртник впечатокот дека сказалката на часовникот, која се движи кон најниската цена по парче, се движи со брзина на светлината. Притисокот на копчето значи дека стоката се купува по цена на која сказалката ќе запре. Добрите или лошите рефлекси на купувачот се директно пропорционални со количеството на гулдени кои на крајот му остануваат или му недостасуваат во џебот. За само неколку часа на берзата се пазарат милиони растенија, што донесува обрт од неколку милиони.
 
Веќе во 8 часот продаденото цвеќе е во халите од каде што е подготвено за транспорт до крајниот купувач. Околу 11 часот мирисните пупки се веќе нешто поблиску до вазните. Купувачите ги подготвиле за транспорт, кој е најчесто во огромни шлепери ладилници, а во најоддалечените дестинации патува со бродови и авиони. Три четвртини од цвеќето од оваа берза се извезуваат. Помеѓу илјадниците видови кои растат на нашата планета розите и натаму се без конкуренција.
 
Последната алка во синџирот, кој почнува на холандската берза, се џцвеќарниците;
 
Претпоставувам дека, и покрај тоа што не се препорачува, пред се од здравствени причини, со брзината и динамиката на времево, особено поради големите секојдневни работни и неработни обврски, многумина се ориентирани на утринска брза храна. Да се изеде нешто од нога. И за појадок, и за ужина, па дури и за ручек и вечера. Еве нешто особено интересно од подалечното минато:
 
-Ресторан за брза храна постоел уште пред 1921 година, во Помпеја. Наскоро тн. Термополиј ќе ги дочека новите гладни гости.
 
Имено, сопственикот на Vecidia Placidus пред точно толку години морал набрзина да го напушти својот популарен ресторан на Via dell'Abbondanza, главната улица на Помпеја,. така што зад себе оставил дури и врчва полна со кованици од дводневна заработувачка. Со завршувањето на сите археолошки истражувања и конзерваторски работи, по речиси 2000 години неговиот ресторан за брза храна повторно ќе им ги отвори вратите на гостите.
 
Многу време пред во блискиот Неапол да биде измислена пицата, граѓаните на Помпеја- град уништен во 79. година во вулканска ерупција- уживале во лесна медитеранска кујна и јадења засновани на житарици, зеленчук, сирење и риба, ги понесувале со себе или ги консумирале во триклини ресторан, каде што лежејќи на каучи според римскиот обичај можеле да уживаат во исклучителниот ѕиден украс, фреските на Јупитер во форма на бик како ја обесчестува Европа.
 
А како што и прилега на брзата храна, освен здравите јадења за лесен дневен оброк се служеле и популарни десерти, главно засновани на мед и рицота сирење. Две такви јадења, мостациоли и глобе, можеле да пробаат 300 избрани гости, кои во недела биле на „претпремиера“ на отворањето на прастариот ресторан.
 
Според најавите, реконструираниот ќе биде отворен за сите туристи кои ја обиколуваат Помпеја.
 
Како во старите времиња, на пултот во форма на латиничната буква Л ќе бидат изложени стаклени врчви и чинии со храна што се нуди на тој ден. Од 1748-ма година, кога ресторанот е откопан од вулканската пепел, па до денес археолозите и конзерваторите имале сосема доволно време да ги завршат работите, па тој популарен локал повторно ќе им ја отвори својата врата на гостите;
 
Архитектот Вернер М. добил отказ затоа што мирисал на пот. Целиот случај го предал на суд за работни спорови надевајќи се на позитивен исход. Меѓутоа, судот заклучил дека отказот бил во согласност со законите и е сосема оправдан.
 
-Иако во Германија отказ може да се добие поради проневера на едно евро, крадење на фаширана шницла или трошење на деловна струја во приватни цели, случаи некој да остане без работа поради лош телесен мирис не се така чести.
 
А токму тоа му се случило на архитектот од Келн кого работодавачот одлучил „да го исфрли на улица“ затоа што, наводно, мирисал на пот.
 
Како што објави „Дојче веле“, иако Вернер тврдел дека неговиот отказ е образложен со причини кои се косат со поимањата на човечкото достоинство и моралните вредности, неговите забелешки не биле прифатени.
 
Работодавачот наводно дури бил задоволен од работниот учинок на „потниот Вернер“, но „недоволната телесна хигиена“ сепак преовладеала при одлуката да не му се продолжи работниот договор.
 
На отпуштениот архитект се обиделе да му помогнат и колегите кои се петиција потврдиле дека Вернер не мирисал, но ниту нивната иницијатива не вродила плод;

Жителите на Хантингтон во Западна Вирџинија (САД) го нападнале познатиот британски готвач Џејми Оливер кога слушнале дека на една сограѓанка и делел совети за исхрана. Им требале помалку од еден час да го натераат Џејми пред повеќе од 6 милиони ТВ гледачи ширум Америка поради навреди и понижувања да рида во солзи.

-Британскиот „Гол готвач“ дошол во овој град на американскиот Среден Запад за во реалити шоуто „Jamie Oliver food revolution“ да ги промени прехранбените навики на неговите жители. Имено, Хантингтон е неодамна прогласен за најдебел град во Америка, а американскиот Центар за контрола на болести го класификувал како најнездраво место во најнездравата сојузна држава.

Оливер не го криел изненадувањето кога, по заминувањето, следен од камерите е одведен во локалното училиште во кое на децата за појадок им биле послужени големи парчиња пица со многу чоколадно млеко. Шокот продолжил со посета на подебело хантингтонско семејство, чие секојдневно мени се состои од храна пржена во масло и маст и подготвена во микробранова печка.

-Никогаш во животот не сум видел такво нешто. На децата за појадок им давате пица, пилешки крилца пржени во масло или компирчиња прелеани со маст. Таквата храна ве убива, токму поради тоа и сте така дебели, не само вие, туку и вашите деца,- и искресол Оливер на домаќинката в лице, не наслутувајќи дека со тие зборови ја отворил Пандорината кутија на проблемите.

За само 15-тина минути низ гратчето се раширила веста дека британскиот готвач ја изнавредил нивната сограѓанка поради нејзините прехранбени навики, а тоа не смееле никако да го допуштат. И покрај претходните договори, никој од жителите на Хантингтон не сакал да му ја отвори вратата на својот дом, во локалниот ресторан е пречекан со неприкриен презир, а водителот на локалното радио му порачал преку радиобрановите да ги угасне камерите и својата емисија да оди да ја сними на некое друго место:

„Ако си мислел дека цел ден ќе седиме дома и ќе грицкаме салата, си се измамил. Оди натаму, не ни требаш и не те сакаме овде“.

Локалниот весник дури отпечатил и издание посветено на Оливер кој, гледајќи ја сета омраза што му се истурила в лице, пред камерите се расплакал. За неколку часа од неговото доаѓање во градот атмосферата била толку наелектризирана што тој брзо го напуштил местото.

„Можеби сме дебели, ама сме образовани. Американците нема да допуштат некои странци да им солат памет“, рекол за CNN градоначалникот на Хантингтон, Бренди Џекобс;

И нешто поврзано со прославената „Последна вечера“

-Нутриционистите утврдиле дека количеството на храна прикажана на сликата во последните илјада години двојно се зголемила во однос на претходните прикази.

Брајан Вансинк, научник од универзитетот Корнел кој го проучува човечкиот однос спрема храната, со помош на својот брат Крег Вансинк, професор на религиски студии на колеџот Веслејан, ги споредил приказите на „Последната вечера“ што сликарите ги насликале во последните илјада години со приказите од претходните векови.

Со компјутерска анализа на 52 слики и споредба на големината на насликаните глави на Христос и апостолите со големината на она што е на масата, заклучиле дека количеството на главното јадење пораснало за 69%, големината на чиниите 66%, а големината на кришките леб 23% помеѓу 1000-тата и 2000-тата година. Технологијата им овозможила да скенираат, ротираат и да ги пресметаат големината и пропорциите на се што е прикажано на сликите.

Бидејќи во Светото писмо не е спомнато што било на масата, освен леб и вино, сликарите низ вековите на масата сликале се и сешто: риба, јагули, јагнешко и дури свинско.

Детали од студијата ќе бидат објавени во априлскиот број на меѓународниот билтен International Journal of Obesity, но Мартин Бинкс, прехранбен консултант на медицинскиот факултет на универзитетот Дјук, вели дека таа студија „не е баш научно битна“ и го повикува Вансинк да спроведе студија на некоја помодерна тема, како онаа колку со годините се зголемиле порциите во ТВ рекламите емитувани во текот на популарниот Super Bowl.

 

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top