НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home AJ Бизар Останало забележано за да се запамети
Останало забележано за да се запамети Печати Е-пошта

Бизарен светМногу бизарни нешта од поблиското и подалечното минато остануваат како регистрирани- забележани во новинските, агенциските, аудио и видео архивите. Тоа значи дека се заборавени односно оставени на евентуално идно откритие на некој  „прекопувач“ на „несекојдневното минато“.

Меѓутоа, постојат интересни, необични, бизарни истражувања и резултати, тврдења, совети, случаи за ука и поука. На пример:

-Бракот треба да трае само 7 години, не повеќе;
-Силната брачна љубов се изразува на најразлични начини- дури и со правење на снег на 15 степени над нулата;
-Многумина нема да се согласат, но е утврдено дека Французите имаат најголеми „алати“ на светот;
-Јапонците во идеите се секогаш непредвидливи- меѓу другото во 2006-та филмуваа групен секс за возрасни, а што и денес воопшто не губи од гледаноста.

Контроверзната политичарка на баварската странка ЦСУ, Габриеле Паули, побарала законски бракот да трае само 7 години.

„Бракот би требало да трае само 7 години“, изјавила Паули на конференција за новинари, обвинувајќи ја христијанско-социјалната ЦСУ дека промовира неостварливи вредности.

„Некои бракови опстојуваат само затоа што луѓето веруваат дека се сигурни ако се во брак“, нагласила контроверзната политичарка. „Мојот предлог е дека бракот треба да ја изгуби вредноста по 7 години“, заклучила таа.

По истекот, паровите би требало да се договорат да го продлабочат бракот, во спротивно би биле автоматски разведени.

50-годишната Паули, која радо им позира на фотографите со моторцикл во кожна облека, тврди дека сака да ја „растресе“ католичката ЦСУ во која доминираат мажи. Паули ќе се кандидира за наследник на претседателот на ЦСУ, Едмунд Штојбер, кој на конференција на странката се избира следната недела, но како бунтовник во странката практично нема изгледи да биде избрана.

„Треба да се внесат нови идеи во ЦСУ и да започне расправа“, изјавила на германската телевизија, реагирајќи на изјави на политичари кои го критикувале нејзиниот настап.

Застапникот на ЦСУ во Европскиот парламент, Инго Фридрих, изјави дека стојалиштата на Габриеле Паули се дијаметрално спротивни на христијанските и етичките вредности на странката.

Што ти значи брачна љубов!

Веста доаѓа од градот Саванах, во американската држава Џорџија, заедно со констатацијата дека кога некој ја сака својата жена, ништо не му е тешко. Дури ни да направи...снег! Во место во кое просечните температури во декември се движат околу 15 степени над нулата.

Тоа во пресрет на Божиќ го направил 41-годишниот Џин Лонг, кој со својата 23-годишна жена Кристал живее 50 километри од спомнатиот град Саванах. Бидејќи жената му веќе неколку години жалела дека и недостасува „Бел Божиќ“ во родната Пенсилванија, Џин Лонг решението го пронашол на Интернет. Успеал да пронајде упатства како да се изработи „снежен топ“, а исто така ја дознал долгорочната временска прогноза за декември.

Во најстудената вечер во декември, која била на 10 дена во пресрет на Божиќ, се „фрлил“ на работа. Цела вечер со помош на снежен топ го посипувал тревникот пред својата куќа со вештачки снег. Кога следното утро се разбудила неговата жена, тревникот бил покриен со 2 сантиметра снег.

„Овде луѓето во ова време се уште одат во кратки пантолони, а ние во пресрет на овој Божиќ се тепавме со грутки снег“, рекла одушевената сопруга Кристал Лонг.

Инвентивно и лудо вљубениот Џин Лонг работи во Брза помош и е член на локалното доброволно пожарникарско друштво.

Еден институт во Шпанија спровел мерење на „алати“ за да утврди  чии се најголеми. Досега Французите беа познати како најдобри љубовници, ама не беа според големината. Најмали имаат Кореанците. Штета што помеѓу мерените не се нашол и некој Македонец. Ма какви французи, ве молам!

Истражувањето на институтот „Андромедикал“ покжало дека машкоста на Французите во просек изнесува 16 сантиметри во ерекција. Следуваат Италијанците со пократки за 1 сантиметар. На разочарување на Англичаните, нивните се под светскиот просек од 13,97 сантиметри.

Не може да им текне на други она што им текнува на Јапонците. Особено кога е во прашање сексот. И тоа не за образовни цели.

Јапонците снимија „филм за возрасни“ во кој учествуваат 250 парови, а го рекламираат како „јапонска мега оргија“.

Во филмот 250 парови синхронизирано водат љубов. Јапонската продуцентска куќа Софт он Деманд тврди дека се работи за снимен секс со најмногу луѓе.

Јапонците се познати како мошне инвентивни луѓе, особено кога се работи за брзи начини на доаѓање до пари. Во меѓувреме, филмот доживеа милионски копии.

 

 
Банер

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

  Top