НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home AJ Бизар Траењето на бизарните вести
Траењето на бизарните вести Печати Е-пошта

ГрафикаЕве една не само новинарска дилема: дали и вестите за бизарните настани во светот, освен што, како сите други, се за „еднократна употреба“ (да регистрираат-информираат-архивираат) се и краткотрајни? Да не траат повеќе или помалку од другите-„стандардните“, а кои се нарекуваат дневни (нема и не може да има неделни- тоа се други новинарски жанри)? Дали, до колку се „тргнат“ датумите на нивното „лиферување“, односно на случувањето, добиваат  барем извесна (во некој „дел“) „вонвременост“?

Проценете сами со следниве вести кои се однесуваат на бизарности од пред две-три години: -деца живееле со 68 пит бул териери;
о престолнината на Латвија се забранети еротски реклами;
-Британка напуштила 20 деца поради љубовник од Интернет;
-
Индиски самоубиец прв го опишал вкусот на цијанид;
-Прво училиште за вештерки;
-Дијаманти од коса на новородени деца.

Деца живееле со 68 пит бул териери

Американската полиција побара помош од социјалните служби за згрижување на еден 11-годишник и неговата 5-годишна сестра кои биле пронајдени во една куќа во мизерни услови на живот во Канзас.

Имено, децата живееле со 68 пит бул териери. Кучињата живееле во куќата и во дворот, а многу од нив имале рани по телото. Полицијата претпоставува дека биле користени за борби со други кучиња.

Таткото на децата бил притворен додека кучињата најверојатно ќе бидат еутаназирани.

Во престолнината на Латвија забранети еротски реклами

Градските власти во главниот град на Латвија, Рига, ги забранија рекламите со еротска содржина на кои своите услуги ги рекламираат стриптиз баровите и борделите.

Градоначалникот на Рига Аиварс Аксенокс изјави дека таквата мерка е потребна бидејќи во центарот на градот има неонски реклами со полуголи жени и мажи.

Новите правила наложуваат забрана за користење на светлосни ефекти на сите места кои нудат еротски услуги. Таквите објекти ќе можат да имаат светлосна реклама, но на неа не треба да го стават своето лого или маскота и задолжително мора да ги покријат прозорците и излозите со цел минувачите да не можат да видат што се случува внатре.

Британка напуштила 20 деца поради љубовник од Интернет

Една Британка, мајка на 20 деца, го напуштила сопругот и семејството откако се вљубила во оженет маж кого го запознала на Интернет, објави весникот Сан. 

Се се одвивало добро помеѓу сопружниците Никол и Кеви Придхам и нивните 20 деца, на возраст од 7 до 25 години, додека една од нивните ќерки не добила компјутер. Никол оттогаш почнала да сурфа по Интернет и запознала еден војник кој потоа и станал љубовник.

Неколку ноќи спиеше кај него. Јас сам се грижам за децата и одам на работа, рекол 48-годишниот Кевин.

Индиски самоубиец прв го опишал вкусот на цијанид

Еден индиски златар, кој извршил самоубиство голтнувајќи цијанид, во пораката што ја оставил го опишал вкусот на тој брзо дејствувачки отров.

Пече на јазикот и има горчлив вкус, напишал златарот во своите последни моменти.

Имајќи предвид дека цијанидот предизвикува смрт по консумирањето, досега не било познато каков вкус има тој отров. Поради тоа се сметало дека цијанидот е бел прашок со остар мирис кој потсетува на бадем.

Во историјата го употребувале затворениците, но и нацистите и Тамилските тигри во Шри Ланка, со цел да се самоубијат пред да почнат да ги сослушуваат или да им се суди.

Прво училиште за вештерки

Во градот Хуперстон, во државата Илиноис, официјално е отворено првото американско училиште за вештерки.

Училиштето почнало да работи пред 5 години, но досега функционирало само преку Интернет, а онлајн предавањата ги следеле дури 120.000 студенти.

Најверојатно нема да има место за сите кандидати кои сакаат да се запишат бидејќи дневно се пријавуваат помеѓу 30 и 50 заинтересирани лица.

Дијаманти од коса на новородени деца

Руската компанија Њу Еиџ Дајмондс, специјализирана за производство на синтетички дијаманти, на јапонскиот пазар понуди вештачки дијаманти изработени по нарачка, кои се направени од коса на новороденчиња или од крзно на домашни миленици.

Цената на дијамантот Харт-Ин Бејби се движи од 3.500 американски долари за 0,2-каратен жолт дијамант, до 17.000 долари за 0,8-каратен црвен дијамант.

Бројот на населението во Јапонија во последните неколку години се повеќе се намалува и секое новородено бебе е се повредно во очите на генерацијата што го пречекува на свет, а секое раѓање е одлична шанса за славење.

Компанијата Њу Ејџ Дајмондс се надева дека ќе успее на јапонскиот пазар нудејќи им на родителите иновативен и луксузен начин да ја даруваат благодарноста на своите потомци.

 

 

 

 
Банер

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

  Top