НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home КРЕАТИВЕН РАКОПИС Библиофилија
Библиофилија
Двојниот морал на буржоаскиот свет Печати Е-пошта

Надин Гордимер(Nadine Gordimer: "Доцниот буржоаски свет", Култура, Скопје, 1993)

Чудно и неприфатливо е однесувањето на нашите издавачи, на читателите и на нивната критика, кога станува збор за денешните големи имиња од современата светска литература: за да докажат дека се во тек, нашите издавачи се обидуваат да реагираат во вистинскиот момент, па во рекордно време објавуваат едно или две дела од штотуку прогласен добитник на Нобелова награда.

Повеќе...
 
За блискоста на смртта Печати Е-пошта

Живот и смрт(Анри Гуго: „Места и предели блиски до смртта“, Култура, Скопје 1991)

Едно забележување:

Зачудувачкиот интензитет на издавачката дејност кај нас во последниве години, па и децении, овозможи приопштување на низа значајни дела од светската белетристика и филозофско- научната литература. Го добиваме она што во некои поранешни фази го немавме или, пак, не беше така евидентно: доминација на домашниот автор, но не на сметка на странскиот односно до тој степен да се најдеме во своевидна изолираност од светските текови; нашето интересирање, нашата потреба од следење на светските книжевни објави и збиднувања да ја задоволуваме на посреден начин, преку преводи на други јазици или читајќи во оригинал (што е секако најдобро, но приопштувањето на сопствениот јазик има многу поширока димензија и значење од индивидуалниот однос кон книжевните вредности). Тоа ни дава за право да констатираме дека, без оглед на економско- политичките состојби и опкружувањето, наметнатото ограничување на движењето низ светот (Шенген визи и сл.), македонските издавачи се организираат и тековно се прилагодуваат: во конкурентскиот свет опстојува оној што знае како може и како треба да се работи. Сигурно не со препечатување на романи од еден македонски автор во 20-30 изданија, што не се случува ниту во најбогатите литератури во светот, дури и кога станува збор за тн. бестселери.

Повеќе...
 
Од македонскиот родопис Печати Е-пошта

Македонија на стара мапа(„Македонија на стари мапи", изд. „Детска радост" и „Македонска ревија", Скопје 1992) 

Станува збор заедно од најексклузивните изданија на македонските издавачи воопшто досега. Делото е проследено со извонреден предговор на Анте Поповски под наслов „Историјабез географија". Тоа е показ и доказ за едно постоење, на еден народ на оваа почва. Исто така и непобитен аргумент за она што е судбински поврзано со неговото опстојување во минатото, сегашноста и иднината. Од небиднина до иднина.

Просторот на Македонија бил кроен и прекројуван многупати, цртан и прецртуван, парчен и распарчуван, се уште нецел, онаков каков што бил некогаш, но не е и не може да биде избришан и збришан.

Повеќе...
 
Научно и едноставно за времето и просторот Печати Е-пошта

Апстрактна уметност(Емил Ноел: 'Просторот и времето денес, Нолит 1987

Стивен Хокинг: 'Кратка историја на времето', Култура 1991)

Тн. популарна научна литература во нашата издавачка продукција се уште се случува ретко. Не затоа што и во светот е ретка. Напротив, таа во нашево време во светот станува вистински бестселер (речиси секоја книга, секое издание). Најнапред, луѓето од научниот свет го прифатија како првостепена задача доближувањето на научните откритија и сознанија до тн. „просечен“ читател.

Задоволувањето на љубопитноста е првото скалило за освојување на светот на науката, за продлабочено запознавање, проучување, па и занимавање со некоја научна област.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>

Страница 1 од 6
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top