НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home ЕДУКАТОР Астро-гео Откриена планета слична на Земјата!
Откриена планета слична на Земјата! Печати Е-пошта

Сниккла на секторот W 5Најнова информација: астрономите велат дека се мошне близу до откритие на планета слична на Земјата, која кружи околу своја матична ѕвезда. Тоа претставува клучен чекор за утврдување дали сме сами во вселената.

Официјални лица на НАСА тврдат дека е мошне веројатно во наредните 4-5 години да дојдат до откритие на планета на која е можен живот или на која тој веќе постои. На конференцијата на Американското астрономско друштво тие информираа дека планети како Земјата веројатно постојат и покрај експлозија на ѕвезди, судар на галаксии и дејствување на црни дупки.

Астрономи од женевската опсерваторија со помош на телескопот SEO (Чиле) во 2007-ма година забележале планета надвор од Сончевиот систем, во соѕвездието Вага,  за која веруваат дека може да има температура слична на онаа на Земјата. Таа се наоѓа на оддалеченост од 20, 5 светлосни години од Земјата, но се уште не се знае каква е нејзината структура, ниту дали има вода и копно.

Магазинот „Астрономија и астрофизика" објави писмо на астрономи кои учествувале во истражувањето, а во кое се наведува дека планетата не е директно забележана, оти е засолнета од црвената ѕвезда Глис 581, околу која орбитира. Нејзиниот официјален назив е Глис 581 ц.

Орбиталниот период и изнесува 13 дена.

Алисон Бојл, од лондонскиот Музеј на науката, објаснува дека астрономите утврдиле оти температурата на новооткриената планета е помеѓу 0 и 40 степени Целзиусови, што значи дека при такви услови би можело да постои вода и во течна состојба.

„Ако планетата е преблиску до ѕвездата, на неа е потопло, а ако е далеку од неа на планетата ќе биде премногу студено. За да постои живот, планетата мора да биде на соодветно растојание од ѕвездата за температурата да биде умерена", вели тој. „Оваа нова планета е мошне блиску до својата ѕвезда, но таа ѕвезда е доста постудена  од нашето Сонце, така што постои претпоставка дека таму постои живот".

Повеќето од околу 200 познати планети кои се досега забележани надвор од Сончевиот систем се всушност големи топки исполнети со гас, слично на Јупитер. Пречникот на оваа планета не би требало да биде поголем од 1,5 пати од Земјиниот, а врз основа на модел астрономите заклучиле дека планетата е или карпеста, како Земјата, или е прекриена со океани.

Астрофизичарот Стив Маран вели дека новооткриената планета е најслична на Земјата, а нејзиното откритие претставува голем напредок во истражувањето на вселената.

„Тоа е можеби најмалата планета која е откриена досега, но од сите откриени е најслична на Земјата. Меѓутоа, таа е 5 пати потешка и веројатно поголема од нашата планета. Таа не е идентична на Земјата, не знаеме во што се се разликуваат, но е најслична на Земјата од сите досега откриени планети", вели Маран.

Првата планета од овој тип ја пронашол Мајкл Мејџор од истата опсерваторија, во 1992-ра година. Денес се познати повеќе од 200 такви. Ѕвездата Глис 581 е една од 100-те што се најблиски на Земјата.

Одговорот на прашањето дали сме сами во вселената би требало да го даде телескопот Кеплер, кој истражува околу 100.000 ѕвезди во мал дел од нашата галаксија за кој е проценето дека може да се најде живот, а се на оддалеченост од неколку стотици до неколку илјади светлосни години од нас. Тој е специјализиран само за таа намена и работи врз принципот на откривање на промени на сјај на ѕвезда дури и од 0.01%. Тие се случуваат кога планета ќе се најде помеѓу телескопот и ѕвездата околу која таа се врти.

По пронаоѓањето на планета слична на Земјата во просторот што го истражува телескопот можеби ќе бидат потребни 3 години за да се потврди нејзината орбитална патека. Следниот чекор ќе биде откривање на живот што, пак, ќе бара изградба на нови и поскапи телескопи.

 

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top