| Од историјата на астрономијата |
|
|
|
Многу необјаснети, загадочни нешта се поврзани со Маите, особено во врска со астрономијата. Просто е неверојатно колку прецизни податоци оставиле за ѕвездите и планетите, та некои ги сметаат за „вселенска" односно вонземска цивилизација. Обидете се да го прочитате овој број: 10.331.233.010.526.315.789.473.682.240.000 дена! Да ви помогнеме: 10 нонилиони, 331 октилиони, 233 септилиони, 10 секстилиони, 526 квинтилиони, 315 квадрилиони, 789 трилиони, 473 билиони, 682 милиона и 240 илјади дена!
Ова можеби и не би било необични ако тој податок не потекнува од урнатините во Коба, во североисточен Јукатан и и припаѓа на културата на Маја индијанците. Бројниот натпис означува настан во далечното минато. На една стрела во Квиригва е одредена положбата на денот и месецот за датум од пред 400 милиони години.
Должината на годината на Маите изнесувала 365,242129 дена, а на астрономската 365,242198 дена. Маите создале цивилизација во густите шуми на Јукатан и Гватемала. Подигнати се многу пирамиди и храмови, а според познавањето на астрономијата и пресметувањата на времето биле далеку пред сите цивилизации на Стариот век. Успеале да направат сложена мапа на небескиот свод, но не ги изумиле и користеле најосновните направи, како тркалото, плугот и вагата, а во градителството- лакот. Маите имале мошне замрсено хиероглифско писмо со поливалентни знаци, а добро ја познавале и математиката: први почнале да ја употребуваат нулата.
Од најимпресивните дела треба да се спомне храмот Каракол во Чичен Ици, кој е секогаш сметан за опсерваторија. Храмот е карактеристичен според асиметриите. На пример, практично нема вистински агли. Хоризонталните прорези во ѕидовите сигурно се користени да може да се гледа низ нив. За овие отвори се најдени две ориентации, од кои едната, за прозорци во долниот дел, се поклопувала со оската, што ја оствариле крајните положби на залезот на Венера на север и на југ во 10-от век од нашата ера. Пирамидата Кукулкана во Чичен Ици е посебно интересна, оти за време на сончевите денови во текот на пролетната рамнодневница (21-ви март) е можно да се види како сончев одблесок како змија се искачува по рабовите на скалилата на пирамидата. Уште еден доказ за математичката образованост на Маите е и камениот фрагмент на кој е прикажан дел од парабола. Легендарниот календар на Маите бил најточен на светот. Работел со серија од 20 знаци за денови, кој заедно со броевите 1-13 дава резултат од 260 дена., тн. Tzolkin. Со низа од 18 знаци за месеци, од кои секој претставувал период од 20 дена и уште еден знак кој вклучува период од 5 дена, ја создавал Haab или обична година. Годината од 260 дена се викала света година. Освен тоа сметале и со еден период, што е комбинација на Tzolkin и Haab. Тој период опфаќал 18,980 дена или 52 години. Петневниот период , uayeb, се додавал помеѓу старата и новата година. Кај пишувањето на бројките, цртата одговарала на бројот 5, а точките варирале од 1 до 4. Школката означувала нула. Освен спомнатиот начин, постои уште и пишување на бројот 20, кој е означен со точка како и бројот 1, но таа точка ја ставале нешто повисоко над онаа група на знаци, која ги означувала броевите 1 до 19. Над местото резервирано за дваесетките се ставале знаци кои означувале колку пати во односниот број се наоѓа 400, па 8.000 итн. Користеле вигезимален систем, на кој база му е 20. Месецот е пишуван со црвена боја, а деновите со црна. Маите верувале дека историското случување циклички се повторува. Сметките за идните небески појави се однесуваат на 4.000 години однапред. Верувале дека светот бил разурнат и пак создаден, а ние живееме во рамките на 4-тата или 5-тата креација на светот. Во Кодекс-Ватиканус А-3738 пишува како се поделени циклусите: -циклус завршил со потопот по траење од 4.008 години;
-циклус е завршен со ураган по 4.010 години; -циклус е завршен со пожар по 4.801 година; -циклус го следела глад, а е завршен по 5.042 години. Последниот циклус почнал во 751-та година пр. н.е.
Вкупното траење на циклусите изнесува 17,861 година, а тоа значи дека нивната историја почнала во 18.612-тата година пр.н.е.
1 ден= kin
20 дена= uinal = 20 kin 360 дена= tun = 18 uinal 7.200 дена= katun = 20 tun 144.000 дена= baktun = 20 katun 2.880.000 дена= piktun = 20 baktun 57.600.000 дена= kalabtun = 20 piktun 1.152.000.000 дена = kinčiltun = 20 kalabtun 23.040.000.000 дена = alautun = 20 kinčiltun 460.800.000.000 дена = hablatun = 20 alautun. Оваа таблица служела за календарско сметање. За обичното служела друга:
1 = hun
20 = kal = 20 hun 400 = bak = 20 kal 8000 = pik = 20 bak 160.000 = kabal = 20 pik итн. Мајанскиот календар доби форма на кругови во жито на најголемиот вештачки рид направен од човечка рака во Велика Британија, легендарниот Silbury Hill. Минатата 2009. година беше исклучително богата со кругови во житото, а на вообичаените локации почнале да се појавуваат се посложени формации кои го одземале здивот со својата сложеност. Прво стасал феникс, следела гигантска медуза, најголема формација во историјата, а најпосле нешто помал примерок кој претставува мајански календар што ја збуни стручната јавност.
Се верува дека на тој начин посетители од вселената се обидуваат да ги предупредат Земјаните дека е време да почнат да се подготвуваат за крај на светот. Уште поиндикативно е тоа што мошне сличен мајански симбол се појавил на истото место пред точно 5 години (2004-та).
|





















