|
Хумус |
|
|
|
Хумусот во „репродуктивен модел" би значел следново:
Ако планетата Земја ја третираме како жив организам и ја наречеме мајка или сестра, на хумусот би му припаднала чесната улога на матка.
На симболичко ниво хумусот е персонификација на расадиште, на живиот живот, а во традиционална смисла значел и значи се- со милениуми заедно со сонцето и водата обезбедува се потребно за живиот свет, што значи и за животот на човекот.
|
|
Повеќе...
|
|
Постапување со осиромашено земјиште поради интензивно земјоделство |
|
|
|
Земјоделството станува се поинтензивно, па се повеќе се губат физичките карактеристики на земјиштето. Во модерниот систем на ѓубрење се води грижа за нивно зачувување, кои ќе овозможат правилен раст на кореновиот систем и движење на водата и воздухот низ земјиштето.
Значаен дел од земјоделското производство се врши во аридни и семиаридни услови.
Во тие реони температурата, релативната влага и светлината ја забрзуваат продуктивноста на растенијата. Од друга страна, водата е со полош квалитет, па земјиштата се се помалку плодни и ја губат својата структура.
|
|
Повеќе...
|
|
Terra preta технологија |
|
|
|
Како решение за недостатокот на органски ѓубрива во почвата, а особено за забрзувањето на губењето на јаглерод (неопходна состојка за формирање на растителна маса и живото ткиво воопшто) експертите препорачуваат користење на технологијата наречена Terra preta. Станува збор за користење- додавање на био- јаглен (biochar), кој инаку се произведува со пиролиза (согорување без присуство на кислород) на разни видови на органски материјал и отпад.
Со додавање на јаглен на земјоделското земјиште значително му се зголемува плодноста и успешно се помага обновувањето на деградираното земјиште. Јагленот (ќумурот) во земјиштето подобро ја задржува влагата, односно земјиштето е поотпорно на суша.
|
|
Повеќе...
|
|
Дејство на храна и лекови |
|
|
|
Агро" е префикс во сложеници со значење поле, полско, земја, па со негова „помош" се именувани науката за морфолошките и физиолошките карактеристики на културните растенија (агроботаника), делот од геологијата која собира и детално ги обработува оние делови од геологијата кои се однесуваат на земјоделството (агрогеологија), потоа науката за обработка на земјиштето, рационалното земјоделие (агрономија), науката што ги проучува физичките, хемиските и биолошките својства на земјиштето во врска со рационалното подигање на културни растенија (агропедологија), земјоделецот (особено како научно образован, школуван земјоделец)...
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 6 |