|
Довербата, самодовербата и сомнежот* |
|
|
|
Имам доверба во тебе затоа што секогаш си „играл“ со „отворени карти“. Никогаш не сум прочитал задни намери во она што го правиш за мене или за други. Многу е важно човек да има самодоверба. Во ова наше време, на овие наши простори, токму поради колективниот сомнеж живееме во виртуелна стварност, а поради индвидиуалниот живуркаме во реалната.
|
|
Повеќе...
|
|
Ништо случајно во случувањата |
|
|
|
На оние што внимателно и будно, што ќе рече „со отворени очи“ ги следат секодјневните настани и случувања на индивидуален, но и на општествен план, не ретко, да не кажам често, „им се случува“ да констатираат загрижувачки:
Нема ништо случајно, се се одвива, се се прави, се ни прават замислено, премислено намислено и домислено. Се според однапред утврдено сценарио.
Дали сте и вие од тие односно од „оние“ (утврдувачите или реализаторите на сценариото)?
|
|
Повеќе...
|
|
Што е тоа политика? |
|
|
|
Не, не ми е намерата да пренесам некои познати и помалку познати дефиниции на политиката или да понудам сопствена. Нема потреба за тоа, бидејќи ние сме толку „изверзирани“ во политиката што знаеме да ја водиме и со површно (па и никакво) разбирање, а што, од друга страна, и не е лошо ако се има предвид дека кај нас е најважно да „водиш“, макар и без никакво знаење.
Единствено во овој момент ми паѓа на ум како најпогодна малку „прилагодена“ големата Гоцева мисла:
„Јас политиката ја разбирам како поле за културен натпревар помеѓу партиите на политичката сцена“.
|
|
Повеќе...
|
|
Личен став* |
|
|
|
Да се има личен став е помеѓу најважните „легитимации“ на личноста во едно демократско, плурално општество. Се разбира, тој мора да биде јасен, прецизен, изграден, втемелен на цврсти аргументи и факти, за да биде респектабилен и дел од заедничка заложба или решение.
Личниот став може да биде и преземен од друг, од други, значи туѓ, но притоа никако не и безличен. Прифаќајќи став од друг, едновремено идентификувајќи го неговиот носител, пред се како потврда на авторитетноста, тој без дилема станува личен не присвојувајќи го „авторското право“. Па сепак, непреземениот личен став има поголема тежина и вредност. Пред се затоа што се гради упорно, настојчиво, макотрпно, а уште поупорно, дури потврдоглаво се брани.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 11 |