| Политичката обоеност |
|
|
|
Доколку кај вас постои дилема „за“ или „против“ членство односно ангажман во некоја, според програмските заложби, вам блиска политичка партија, доколку ве мачи прашањето дали е или не е време за лично конкретно политичко активирање, можеби ќе ви помогнам.
Најважното: дали е можна „невидлива“ партиска обоеност и зошто е таа проблем или макар најмала опасност за индивидуалниот творечки активитет и авторитет. Проблемот на „видливоста“ односно „невидливоста“ не е во личната јавна промоција како политички „деец“, туку во одбраната на индивидуалноста, а со оглед на фактот дека политиката е пред се колективно дејствување. Дали политичкиот ангажман ќе се одрази на индивидуалниот творечки- во областа во која си афирмиран или се афирмираш со дело- творештво? Став кој често го истакнува интелектуалецот, и тоа пред се како самоодбрана: Не прифаќам кој било, а особено не некој што е под моето ниво да ми биде лидер“. Дилема за мене нема, но сигурно има за многумина други, можеби и за тебе: дали е можно на македонската политичка сцена да се појави и дејствува политичка партија без лидер (бидејќи се ценам и се почитувам себе си, што значи сум си „лидер“ на себе си) и, ако се појави, дали како интелектуалец- творец би се зачленил. Можеби како еден од лидерите. Зошто би морал да бидам член на една партија и што значи тоа? Колку за мене е проблем формалното членство? Конечно: има ли потреба моево време од мој, не само личен творечки ангажман, туку и конкретен, како дел од заедничкиот- политичкиот, исто така пред се творечки? Обиди се да си одговориш на поставениве прашања или тези (како милуваш) и потоа проанализирај ги состојбите и најавите на македонската политичка сцена. Можеби се чека токму на тебе. Уште повеќе: можеби се бара токму твојот политички ангажман. Како обврска пред сегашноста и иднината. |







Во врска со поставенава тема овојпат само ќе приложам некои лични, но и нашироко познати ставови и тези за ваша промисла.













