НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home КРЕАТИВЕН РАКОПИС
КРЕАТИВЕН РАКОПИС
За отвореното дело Печати Е-пошта

РепродукцијаСпоред италијанскиот естетичар Умберто Еко, станува збор за нова естетска категорија, една од централните во новата естетика.

Во прашање се два вида на уметнички дела кои со право можат да се назначат како отворени: прво, готови, од уметникот завршени, докрај изведени дела, кои сепак остануваат отворени за извесни односи што самиот читател или слушател ги открива или избира, но и таа можност во принцип веќе се наоѓа во интенцијата на самиот уметник; и второ, дела во движење, кои единствено во строгата смисла на зборот можат да се наречат отворени, а чија битна карактеристика е повикот упатен до набљудувачот делото да го создава со уметникот, да го прифати, да го продолжи и доврши, како можност што самиот уметник не ја остварил.

Повеќе...
 
Употреба на песната Печати Е-пошта

Бесплатна сликаДали употребата на песната предвидува нејзино толкување, анализа, навлегување во нејзиното јадро?

Ова прашање го поставувам не како резултат на читање или прочитување на нечија (не некоја) песна, туку пред се како поента на евентуална согласност: со нејзината идеја од една, и со нејзината целосна независност односно тотална слобода од друга страна.

Одговорот, пак, може да биде секаков. И потврден и одречен. Се разбира, повикувањето на значајни искуства може да биде само драгоцено, да користи во обидот да се биде консеквентен докрај. Притоа да не се претендира на детално разградување и дијалог со песната што е предмет за употреба.

(Употребата не се подразбира во некаква преносна или каква годе друга смисла, затоа и не е во наводници, туку како направен предмет, како применета уметност.)

Повеќе...
 
Мудроста и карактерите* Печати Е-пошта

 

Филозофија(Ла Бриер: „Карактери“, „Дерета“, Белград, Фототипски изданија)
 
„Убавото лице е поубаво од се што може да се види, а најпријатна хармонија е звукот на гласот на онаа што ја сакаме“.
ххх
 
„Жената кај човекот кого повеќе не го сака заборава се, освен оние нежности што тој од неа ги добил“.
ххх
 
„Има малку тајни љубовни врски; многу жени се помалку познати според името на своите мажи, отколку според името на своите љубовници“.
ххх
Повеќе...
 
Како да се затвори отворена страница Печати Е-пошта

Отворена книгаАко некој ме праша мене, не би знаел што да му одговорам. Ми се чини дека би почнал јас да прашувам и допрашувам.

Прво,не знам што е тоа отворена страница. Само претпоставувам: отворен лист хартија, празен; ниту збор, ниту буква, ниту каков било интерпункциски знак на неа. Се превиткува на две, на четири и...затворен е? Не, затоа што лесно може да се отвори, да се развитка и да се открие дека на него нема ништо.

Да го ставам во коверт? Тогаш би бил затворен? Да, ама до кога? Додека не се отвори ковертот и не се развитка листот?

Значи: може ли една страница да биде отворена?

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следно > Крај >>

Страница 38 од 50
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top